EN MK
sorry
ПАРКИНГ

Јавно паркиралиште е посебно уреден и обележан простор наменет за паркирање на определен вид возила. Во зависност од контролата на влезот и излезот на јавното паркиралиште, јавните паркиралишта можат да бидат од затворен и отворен тип. Јавните паркиралишта од отворен тип се паркиралишта без автоматски, полуавтоматски или рачно контролиран влез. Јавните паркиралишта од затворен тип се паркиралишта со автоматски, полуавтоматски или рачно контролиран влез. Во градот Струмица затворен паркинг со кој управува јавното претпријатие “Паркиралишта Струмица” е подземниот паркинг под плоштадот “Гоце Делчев”, а сите останати се отворени јавни паркиралишта.

Факти

Паркирањето во Струмица може да го изведете на затворен или отворен јавен паркинг. Подземниот паркинг работи со капацитет од 82 паркинг места 24 часа на ден, секој ден, додека на отворените јавни паркиралишта капацитетот е 713 паркинг места со работно време од 07:00 до 21:00 часот од понеделник до петок и од 07:00 до 17:00 часот во сабота. Недела и за време на државни празници јавните паркиралишта се бесплатни. Во затворениот паркинг под плоштадот Гоце Делчев цената на првиот час чини 20 денари, а за секој нареден отпочнат час 10 денари. На отворените јавни паркинзи во црвена зона паркирањето е 30 денари од час и паркирањето е временски ограничено на најмногу 2 часа, додека во жолта зона паркирањето е 20 ден од час и истото не е временски ограничено.