EN MK
sorry
ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 4500 расветни тела. Тековното одржување на јавното осветлување се состои од сервисирање и замена на дотраените или оштетени светлосни објекти како и обиколка на истите, регистрирање на дефекти како и нивно отстрануваање по трафо региони.

Факти

Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица подразбира обновување и замена на прегорени светилки и елементи за нивно нормално функционирање, како и дополнување на мрежата на јавно осветлување на делови во градот и населени места, каде постои мерење а се работи за незначително проширување на мрежата и опфакање на поедини делови од улици каде нема јавно осветлување. Замената на светилки и опремата за нормално функционирање на јавното осветлување (тековно одржување), се врши континуирано секојдневно врз основа на сопствена иницијатива, како и по барања и пријави на граѓани. Пријавувањето на дефекти во уличното осветлување се врши во СИСТЕМ 48 на телефонскиот број 0800 1 48 48 или директно во претпријатието на тел 034/343-787