EN MK
sorry
ПАЈАК

Пајак службата во ЈП Паркиралишта Струмица врши отстранување и пренос на возила кои не го регулирале своето паркирање на начин пропишан согласно регулативата на претпријатието. За работењето на пајак службата во исклучителни случаеви е неопходна соработка со сообраќајната полиција од СВР Струмица и комуналните инспектори од општина Струмица.

Факти

Пајак службата работи во две смени од 07:00 до 21:00 часот од понеделник до петок и од 07:00 до 17:00 часот во сабота. За потребите на граѓаните и полицијата се воведува и дежурна служба која по повик излегува на лице место. Наплата на доплатен билет издаден заради неправилно или нерегулирано паркирање чини 1000 денари, додека подигање и отстранување со пајак возило чини 2000 денари.