EN MK
sorry
ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

Струмица како град го достигнува својот максимум во економскиот и технолошкиот развој, а со тоа се наметнува и потребата на решавање на веќе идентификуваниот проблем со проточноста и нормалното одвивање на сообраќајот. По теркот на многу современи европски метрополи кои го имаат воспоставено системот на ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ, основна наша цел е да се воведе организација на сообраќајот во мирување, како и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Заради тоа и проектот за зонско паркирање и потребата од неговото спроведување е базирана на 5 клучни елементи:

  • Подобрување на сообраќајниот тек - Сообраќајот во мирување и движење
  • Почитување на еднаквоста помеѓу луѓето
  • Подобрување на животната средина
  • Подобри услови за движење на возилата на итните служби – прва помош, противпожарните специјални возила, полициските возила и слично
  • Зголемување на сообраќајната култура и подигнување на нивото на свесност во сите сфери на општественото живеење.

Со воспоставувањето на системот на зонско паркирање, ќе делуваме на зголемување на сообраќајната култура на сите граѓани во општина Струмица, не само на површините кадешто ќе се воведе организирано паркирање туку и во сите останати делови Навиките кои луѓето ѓи стекнуваат во централното градско подрачје во делот на паркирањето ќе ги применуваат и во поширокиот опфат на нашиот град. Почитувањето на хоризонталната и верикалната сигнализација, информирањето од дополнителните и информативните табли кои се поставени насекаде во градот Струмица заради олеснување на пристапот до паркинг места, свесноста за воспоставеноста на систем за контрола и механизмите на отстранување на непрописно паркираните возила ќе ги стимулират сите чинители во сообраќајот да се однесуваат одговорно како кон самите себе така и кон останатите учесници.

“ЦРВЕНА ЗОНА” - го опфаќа подрачјето на следните улици:

  • бул. „МАРШАЛ ТИТО“ (од бул. „Ленинова“ - Глобал до кружен тек со бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Балканска“ – фонтана кај поштата);
  • бул. „ЛЕНИНОВА“ (од ул. „Маршал Тито“ - хотел Централ до раскрсницата со ул. „24 Октомври“);

“ЖОЛТА ЗОНА”- подрачјето помеѓу границата со ЦРВЕНАТА зона до улиците:

  • бул. „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (од кружен тек бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Балканска“ до ул. „Климент Охридски“ - семафори кај Жито Струмица);
  • бул. „ЛЕНИНОВА“ (од ул. „24 Октомври“ до ул. „Климент Охридски“ - излез кон Добрејци);
  • Улица „БАЛКАНСКА“ (од кружен тек бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Маршал Тито“ – фонтана кај поштата до кружен тек кај ЕВН КЕЦ Струмица);
  • Улица „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (од ул. Балканска – хотел Илинден до ул. Маршал Тито-стара чаршија )
  • Улица „МАРШАЛ ТИТО“ – СТАРА ЧАРШИЈА (од кружен тек кај ЕВН КЕЦ до бул. „Ленинова“ - хотел Централ);
  • Улица „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (од Плоштад „Маршал Тито“ до ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“);
  • Улица „БОРО ЏОНИ“ (од ул. „Ѓерас Цунев“ до ул. „Јосиф Јосифовски Свештарот“);
  • Од Крстосница – ПЛОШТАД „МАРШАЛ ТИТО“, ул. „САНДО МАСЕВ“ и ул. „БЛАГОЈ МУЧЕТО“ до крстосницата ПЛОШТАД „МАРШАЛ ТИТО“, ул. „ЃЕРАС ЦУНЕВ“ и ул. „БОРО ЏОНИ“;
  • Посебен паркинг простор на КГС ПАРТИЗАН, како и
  • Посебен паркинг простор кај Ресторан „ЛЕТНИЦА 1“

Плаќањето ќе се врши по пат на СМС ПОРАКА на тел. број 144 144 и преку ПАРКИНГ ГРЕБ – КАРТИЧКА. Во “ЦРВЕНАТА ЗОНА” паркирањето ќе биде ограничено на максимум 2 (два) часа и ќе изнесува 30 ден./час, додека паркирањето во “ЖОЛТАТА ЗОНА” ќе биде неограничено и ќе изнесува 20 ден./час.