Статут
12.12.2022
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ,,ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА” – СТРУМИЦА
С Т А Т У Т
НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ,,ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА” – СТРУМИЦА
Струмица, август 2022 година
С О Д Р Ж И Н А
III. ПЕЧАТ И ШТЕМБИЛ
VII. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
VIII. ОРГАНИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
XII. РАБОТЕЊЕ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
XIV. ДЕЛОВНА ТАЈНА
Врз основа на член 19 став 2 точка 1 и член 29 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 89/22), Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта Струмица” Струмица, на седницата одржана на ден 18.08.2022 година, донесе:
С Т А Т У Т
НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-СТРУМИЦА
Член 1
Со статутот на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори ,,Паркиралишта Струмица” - Струмица, поблиску се уредува организацијата и начинот на вршење на дејноста, управувањето и раководењето со јавното претпријатие, општите акти и постапката за нивното донесување, како и други прашања од значење за извршување на дејноста и работењето на јавното претпријатие.
Член 2
Општина Струмица е основач и сопственик на јавното претпријатие и ги има сите права и обврски кои според Законот и другите прописи ги има како основач на јавното претпријатие.
Член 3
Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори ,,Паркиралишта Струмица” - Струмица (во понатамошниот текст јавното претпријатие) се основа заради вршење дејност од јавен интерес на подрачјето на Општина Струмица.
Член 4
Јавното претпријатие е основано со Одлука на Советот на Општина Струмица број 07-436/1 од 31.01.2008 година и е запишано во Централниот регистар на Република Македонија под ЕМБС:6360661.
Член 5
Во работењето на јавното претпријатие, службен јазик е македонскиот јазик со неговото кирилично писмо.
Член 6
Во извршување на дејноста од јавен интерес, јавното претпријатие својата работа и дејствување ја заснова на следните принципи: сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугата, транспарентност, достапност и универзална услуга, заштита на корисниците и потрошувачите.
Член 7
При вработувањето во јавното претпријатие, задолжително се применуваат критериумите и принципите со кои се обезбедува соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници без да се нарушат принципите на стручност и компетентност.
Член 8
Јавното претпријатие во правниот промет настапува под следниот целосен назив:
Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА Струмица.
Скратениот назив на јавното претпријатие гласи:
ЈП ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА Струмица.
Член 9
Седиштето на јавното претпријатие е во Струмица, на ул.,,24-ти Октомври” бр.2 Струмица.
За промена на називот и седиштето на јавното претпријатие одлучува Управниот одбор на јавното претпријатие, по претходно добиена согласност од Советот на општина Струмица.
III. ПЕЧАТ И ШТЕМБИЛ
Член 10
За потребите на своето работење јавното претпријатие има печат и штембил.
Печатот има форма на круг, со пречник 30 мм, на кој во горниот дел на македонски јазик, со кирилично писмо е испишан полниот назив на јавното претпријатие:
Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА Струмица.
Член 11
Јавното претпријатие има штембил во форма на правоаголник со димензии 50 мм x20 мм во кој хоризантално на македонски јазик со кирилично писмо е впишан е називот на јавното претпријатие, а помеѓу називот и местото на седиштето оставен е празен простор за впишување на бројот на актот и датумот на неговото издавање.
Јавно претпријатие за изградба, одржување
и користење на јавни паркинг простори
ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА
Бр.____________
___________20_____год.
Струмица
Член 12
Бројот на печатите и штембилот, начинот на нивната употреба, ракувањето, чувањето и уништувањето на печатот и штембилот на јавното претпријатие се регулира со одлука на Директорот согласно Законот.
За употребата и чувањето на печатот и штембилот на јавното претпријатие е одговорно лицето кое ќе го одреди директорот на јавното претпријатие.
Член 13
Јавното претпријатие има амблем преку кој симболично е прикажана основната дејност на јавното претпријатие и во средина е втиснат грбот на општина Струмица.
Изгледот на амблемот е следниот:
Член 14
Во рамките на своите овластувања, јавното претпријатие го застапува и претставува директорот на јавното претпријатие.
Директорот на јавното претпријатие може, преку писмено полномошно, да овласти друго лице да го застапува и претставува претпријатието.
Содржината и обемот на овластувањето од претходниот став го определува директорот на јавното претпријатие.
Член 15
Јавното претпријатие е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на сообраќајот, јавно осветлување, погребни и комунални дејности како стопански дејност од јавен интерес за општина Струмица.
Член 16
Во правниот промет и во односи со трети лица, јавното претријатие настапува во свое име и за своја сметка, само во рамките на дејноста која е запишана во надлежниот регистар.
За обврските кон трети лица превземени во свое име и за своја сметка јавното претпријатие одговара со целиот свој имот.
Член 17
Приоритетна дејност на јавното претпријатие е :
52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз
- дејности поврзани со копнен превоз на патници, животни или стока,
- работи на патиштата, мостовите, тунелите, паркиралиштата или јавните гаражи,
паркиралиштата за велосипеди,
Покрај приоритетната дејност, јавното претпријатие врши и други дејности во согласност со закон и тоа:
43.21 Електроинсталатерски работи
- улично осветлување и електрични сигнали.
96.03 Погребни и слични дејности
42.11 Изградба на патишта и автопати
42.99 Изградба на други објекти од нискоградба, неспомнати на друго место.
Јавното претпријатие може да врши и други дејности во согласност со закон.
Член 18
За остварување на својата приоритетна дејност јавното претпријатие ги врши следниве активности:
Член 19
Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статут и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејностите од јавен интерес.
VI.ПРИНЦИПИ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ОДНОСИ
Член 20
Јавното претпријатие e должно да обезбеди јавност и транспарентност во финансиските односи во своето материјално-финансиско работење, согласно Закон, овој Статут и меѓународните финансиски стандарди за јавниот сектор.
Член 21
Финансиските односи меѓу Општина Струмица, како основач на јавното претпријатие, согласно принципите на транспаретност во финансиското работење ќе бидат такви со што јасно ќе бидат прикажани:
а) средствата коишто се директно достапни на Општина Струмица за јавното претпријатие,
б) средствата коишто се индиректно достапни од Општина Струмица на јавното претпријатие и
в) начинот и намената за кои средствата од точките а) и б) на овој став се ставаат на користење.
Член 22
Транспаретност во финансиските односи ќе се применува, особено во следниве случаи:
а) порамнување на загубите од работењето;
б) обезбедувањето на капиталот;
в) неповратна помош или заеми под поповолни услови;
г) давање на финансиски поволности преку откажување од профити или поврат на пристигнатите суми;
д) откажување од нормален поврат на искористените средства и
ѓ) компензирање на финансиското оптоварување воведно од страна на државните органи.
Член 23
Јавното претпријатие во овие услови ќе биде должно да води посебна сметководствена евиденција во следниве случаи :
1) ако покрај дејноста од јавен интерес врши и други дејности;
2) ако има ексклузивни права во вршењето на дејноста од јавен интерес и
3) добива државна помош во која било форма вклучувајќи помош, поддршка или компензација во врска со вршењето на дејностите од јавен интерес.
Преку посебната сметководствена евиденција од ставот 1 на овој член треба јасно да се прикажат:
а) приходите и расходите кои што настанале од различните дејности и
б) целосни податоци за методот со кој приходите и расходите се назнаќени или алоцирани на различни дејности.
Член 24
Јавното претпријатие, согласно принципите на транспаретност во финансиските односи има обврска да доставува тримесечни извештаи до Општина Струмица кои ќе содржат показатели за финансиското работење.
Финансиските извештаи треба да бидат презентирани согласно меѓународните сметководствени стандарди за јавниот сектор.
VII. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Член 25
Јавното претпријатие, во вршењето на дејноста од јавен интерес, се организира на начин со кој се обезбедува:
Член 26
Јавното претпријатие, во вршење на дејност од јавен интерес, се организира на начин со кој се обезбедува единственост, ефикасност и ефективност во процесот на работење.
Дејноста на јавното претпријатие се организира во рамките на организациони единици, согласно законските прописи и според претходно утврден Правилник за внатрешна организација и Правилник за систематизација на работни места, а според однапред утврдена програмата за работа.
Организациони единици на јавното претпријатие претставуваат и дејствуваат како единствена целина во рамките на јавното претпријатие и немаат својство на правни лица.
Член 27
Јавното претпријатие се организира во следните организациони единици:
- Сектор за административни работи и човечки ресурси,
- Сектор за јавни паркиралишта и пајак.
- Одделение за јавно осветлување.
Во состав на организационите единици – сектори се формираат одделенија.
Внатрешната организацијата на јавното претпријатие подетално се уредува со Правилникот за внатрешна организација на претпријатието.
Со организационите единици од став 1 од овој член раководаат раководители со посебни овластувања и одговорности кои ги избира директорот на претпријатието по постапка утврдена со закон.
Член 28
Јавното претпријатие може да основа подружници. Подружниците на јавното претпријатие немаат својство на правно лице, но можат да настапуваат во правниот промет во име и за сметка на јавното претпријатие.
Со подружницата раководи раководител што го именува директорот на јавното претпријатие.
Подружниците од став 1 на овој член претставуваат деловни единици на јавното претпријатие преку кои непосредно се извршува основната дејност на јавното претпријатие. Бројот на подружниците, нивниот назив, седиште како и дејноста која ќе ја вршат се определува со посебна одлука која ја донесува управниот одбор на јавното претпријатие.
VIII. ОРГАНИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
Член 29
Органи на јавното претпријатието се:
- Управен одбор,
- Директор и
- Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење.
УПРАВЕН ОДБОР
Член 30
Орган на управување на јавното претпријатие е управен одбор. Членовите на управниот одбор на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува Советот на општина Струмица според утврдена постапка по закон.
Управниот одбор на јавно претпријатие се состои од пет (5) членови.
За член на управниот одбор на јавното претпријатие може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Освен условите од ставот 2 на овој член, членовите на управниот одбор во јавното претпријатие треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика,
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор на јавното претпријатие изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Член 31
Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.
Секој член на управниот одбор, односно директорот на јавното претпријатие, се должни да го предупредат основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на управниот одбор.
Член 32
Управниот одбор од редот на своите членови избира претседател и заменик претседател.
Претседателот на управниот одбор:
Член 33
Управниот одбор на јавно претпријатие ги има сите овластувања да презема мерки кои се потребни и корисни заради постигнување на целите на Јавното претпријатие во согласност со Законот.
Управниот одбор на јавното претпријатиетоги има следните овластувања:
На актите од член 33 став 2 точки 1, 2,3 ,5, 6, 7, 8 , 10 и 12 согласност дава Советот на Oпштина Струмица.
Претседателот на управниот одбор или доколку претседателот од оправдани причини не е во можност да присуствува членот на управниот одбор овластен од претседателот, е должен да присуствува на седницата на Советот на општина Струмица, кога се дискутира и се одлучува за работи и документи од надлежност на управниот одбор на јавното претпријатие.
Член 34
Управниот одбор може полноправно да работи и одлучува доколку се присутни повеќе од половината од вкупниот број на членови на управниот одбор.
Одлуките на управниот одбор се сметаат за донесени ако за нив гласале повеќе од половината од вкупниот број на членови на управниот одбор.
Секој член на управниот одбор има право на еден глас.
Работата и начинот на одлучување на управниот одбор поблиску се уредува со Деловникот за работа, кој исто така го донесува управниот одбор.
Претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.
Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на управниот одбор поединечно, не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
Висината на месечниот надоместок за претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие со одлука го утврдува основачот на јавното претпријатие.
Член 35
Јавното претпријатие не може на претседателот или на член на управниот одбор, на претседателот или на член на надзорниот одбор или на директорот да им дава заеми или гаранции на заеми кои тие ги склучиле со трети лица.
ДИРЕКТОР
Член 36
Орган на раководење на претпријатието е Директорот.
Директорот на јавното претпријатието го избира односно разрешува градоначалникот на општина Струмица врз основа на јавен оглас.
Мандатот на директорот трае 4 (четири) години.
Член 37
За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- има минимум пет години работно искуство,
- поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
Член 38
Директорот на јавното претпријатие во рамките на своите права и должности:
20.Донесува годишна програма за стручно усовршување и обука на вработените во јавното претпријатие;
22.Врши и други работи во врска со работата и работењето на јавното претпријатие утврдени со Закон, овој Статут и другите акти на јавното претпријатие.
Член 39
Директорот е одговорен за резултатите од своето работење пред Градоначалникот на општина Струмица.
Директорот на јавното претпријатие склучува договор со Градоначалникот на општина Струмица за уредување на односите со јавното претпријатие, во кој поединачно се утврдуваат правата, обврските и овластувањата согласно со закон.
Директорот во извршувањето на одлуките со кои се нанесува штета на претпријатието одговара неограничено за штетата настаната со извршување на таквите одлуки.
Одговорноста на Директорот се утврдува согласно одредбите од Законот за трговски друштва кои се однесуваат на органите на управување.
Член 40
Директорот на јавното претпријатие може да биде разрешен и пред истекот на мандатот, во следниве случаи:
- на негово барање;
- ако настане некоја од причините, поради кои според прописите за работни односи му престанува работниот однос согласно со закон;
- ако не работи и постапува според закон, статут и актите на јавното претпријатие или неоправдано не ги спроведува одлуките на управниот одбор или постапува во спротивност со нив;
- ако со својата несовесна и неправилна работа предизвика штета на јавното претпријатие;
- ако ги занемарува или не ги извршува обврските и со тоа настанат нарушувања во вршењето на дејноста од јавен интерес на јавното претпријатие;
- ако не достави извештај согласно со членот 23-а став 1 од Законот за јавните претпријатија;
- ако и по истекот на рокот определен со членот 23-а став 1 од Законот за јавните претпријатија не ги отстрани недостатоците или и во тој рок повторно има недостатоци и/или загуби во финансиското работење и
- ако и по истекот на рокот определен во членот 5 став 3 и членот 7-а став 1 од Законот за јавните претпријатија, не ги објави тримесечниот извештај, кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие на Веб страната на јавното претпријатие.
Член 41
До изборот на нов директор, градоначалникот на општината именува вршител на должност директор на јавното претпријатието, но не подолго од шест месеци.