EN MK

Одлуки цени Гоце Делчев


02.09.2024

Врз основа на член 19 став 2 точка 7  од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22) и член 33 став 2 точка 10 од Статутот на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица со бр.01-720/1 од 18.08.2022 година,  Управниот одбор на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица на седница одржана на ден 13.08.2024 година донесе:

 

О  Д  Л  У  К  А

за утврдување на висината на цените за услугата паркирање во подземниот паркинг на плоштад ,,Гоце Делчев”

 

 

 

Член 1

 

     Со оваа Одлука се утврдува висината на цените за услугата паркирање на возила во јавното паркиралиште од затворен тип ( затворен паркинг простор со влезно- излезна рампа), во подземниот паркинг на плоштад ,, Гоце Делчев”, со кој управува ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица и тоа:

1.За паркирање на патнички моторни возила:

- До еден час.........................................................................  30,оо денари;

- За навлегување во секој нареден час..............................  20,оо денари;

        - Изгубена паркинг карта....................................................500,оо денари;

- Месечна претплата........................................................  2.500,оо денари;

- Годишна претплата....................................................... 20.000,оо денари;

- Месечна резервација.......................................................4.000,оо денари и

- Годишна резервација.....................................................36.000,оо денари.

 

Член 2

 

     Во цените на услугите со оваа Одлука е пресметан данокот за додадена вредност.

 

Член 3

 

     Со стапување во сила на оваа Одлука престануваат да важат Одлуката за утврдување на висината на цените за  услугата паркирање во подземниот паркинг на  плоштад  ,,Гоце Делчев”со бр.02-355/3 од 05.06.2015 година и Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цените за  услугата паркирање во подземниот паркинг на  плоштад  ,,Гоце Делчев” со бр.02-446/4 од 15. 06.2017 година.

Член 4

 

    Оваа Одлука да се достави до Советот на Општина Струмица за давање согласност.

 

Член 5

 

    Оваа Одлука влегува во сила по добивањето согласност од страна на Советот на Општина Струмица.

 

 

 

 

                                                                                              Претседател на Управниот одбор на

                                                                                                       ЈП Паркиралишта Струмица

                                                                                                                   Миле Стојменов