Тримесечен извештај од 01.01.2024 до 31.03.2024
23.05.2024
|
|
Јавно претпријатие "Паркиралишта Струмица" Струмица
ул: 24 Октомври бр.2 Струмица 2400 ) 034/343-787 e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com |
ИЗВЕШТАЈ
За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период
од 01.01.2024 до 31.03.2024 година
Струмица, 2024
Општи информации
Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.
Седиштето на претпријатието е на улица „ул.24 Октомври“ бр.2 во Струмица.
Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност
Организациска поставеност на претпријатието
Органи на претпријатието се:
Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.
Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.
Средствата за вршење на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.
Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -
Струмица е составено од два сектори и четири одделенија:
Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица
Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.
Јавни паркиралишта
Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.
Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 40.593 корисници и тоа 36.593 преку смс и 4.000 преку греб карти на расположливи 980 паркинг места односно истите искористиле 73.717 паркинг сесија по час (паркинг часови),
|
месец |
Јануари |
Февруари |
Март |
Вкупно за период 01.01.2024 – 31.03.2024 |
||||
|
Зона |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
|
Број на СМС пораки |
8.334 |
14.324 |
7.930 |
14.460 |
8.916 |
15.753 |
25.180
|
44.537
|
|
Број на Греб карти |
1.400 |
300 |
900 |
- |
1.400 |
- |
3.700
|
300 |
|
Вк. паркирања по зони S1X/S2X |
9.734 |
14.624 |
8.830 |
14.460 |
10.316 |
15.753 |
28.880 |
44.837
|
|
Вк. остварени паркирања |
24.358 |
23.290 |
26.069 |
73.717 |
||||
Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 год.
Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2024 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 531 дозвола за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :
За месец февруари 2024 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 542 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
За месец март 2024 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 552 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
Пајак служба
Во периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани, вработените во пајак службата и контролорите на паркирање имат издадено доплатни билети заради нерегулиран паркинг и тоа :
во јануари имат издадено 324 доплатни билети, во февруари имат издадено 308 доплатни билети и за месец март имат издадено 354 доплатни билети за нерегулиран паркинг на лице место. Вкупниот број на издадени доплатни билети за извештајниот период е 986.
Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
За извештајниот период од 01.01.2024 до 31.03.2024 година од страна на Полицијата нема повикано Пајак служба и нема поставено блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.
За извештајниот период од 01.01.2024 до 31.03.2024 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.
Хоризонтална сигнализација
Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.
Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за одбележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, за извештајниот период од 01.01.2024 до 31.03.2024 нема извршено одбележување на површина.
Одделение за јавно осветлување
Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 5500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.
Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:
Во периодот јануари-март односно во периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 395 технички интервенции од кои 325 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 70 интервенции се извршени во населените места.
Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2024 до 31.03.2024:
|
ЈАНУАРИ |
ФЕВРУАРИ |
МАРТ |
|||
|
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
|
Банско |
4 |
Куклиш |
2 |
Вељуса |
2 |
|
Вељуса |
2 |
Добрејци |
3 |
Дабиле |
2 |
|
Куклиш |
4 |
Сачево |
1 |
Град.Балдовци |
2 |
|
Костурино |
3 |
Банско |
3 |
Костурино |
1 |
|
Попчево |
1 |
Дабиле |
2 |
Куклиш |
1 |
|
Град.Балдовци |
2 |
Рич |
1 |
Муртино |
3 |
|
Просениково |
2 |
Раборци |
1 |
Просениково |
2 |
|
Баница |
2 |
Баница |
2 |
Баница |
2 |
|
Габрово |
2 |
Свидовица |
1 |
Габрово |
2 |
|
Муртино |
3 |
Муртино |
1 |
Рич |
1 |
|
Сачево |
2 |
Белотино |
1 |
Добрејци |
1 |
|
Дабиле |
3 |
Град.Балдовци |
1 |
Струмица |
138 |
|
Струмица |
87 |
Водоча |
2 |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
Струмица |
100 |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
|
ВКУПНО |
117 |
ВКУПНО |
121 |
ВКУПНО |
157 |
Во извештајниот период од 01.01.2024 до 31.03.2024 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 828 светилки, 500метри X00 A 2x16mm2(SKS) кабел, 600 метри PP00 A 4x25mm2, 300 метри PP-Y 3x1,5mm2, 500 метри PP00 A 4x16mm2 и 418 броја елементи за улично осветлување како што се(пригушници, осигурувачи, затеги, светлосни арматури, заштитни стакла, фотореле, изолир трака и сл.)
Од поставените 828 светилки најголем број се ЛЕД сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици
|
ТИП НА СИЈАЛИЦА |
БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ |
|
ЛЕД сијалица |
748 |
|
Натриумова сијалица |
50 |
|
Металхалогена сијалица |
30 |
Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше и за други технички потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување.Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.
|
Остварени резултати за период од 01.01.2024год. до 31.03.2024год. |
||||
|
Ј П ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица |
||||
|
Р.бр |
ОПИС |
ЈАНУАРИ - МАРТ 2024 во денари |
||
|
А |
ВКУПНИ ПРИХОДИ |
|
8,975,794 ден. |
|
|
1 |
Приходи од редовна работа |
5,392,772 ден. |
|
|
|
1.1 |
Приходи од паркинг Гоце Делчев |
521,470 ден. |
|
|
|
1.2 |
Приходи од улично осветлување |
2,399,092 ден. |
|
|
|
1.3 |
Приходи од зонско паркирање |
2,472,210 ден. |
|
|
|
2 |
Останати приходи |
3,583,022 ден. |
|
|
|
Б |
ВКУПНИ РАСХОДИ |
|
5,929,043 ден. |
|
|
а) |
МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ |
|
1,192,907 ден. |
|
|
1 |
Набавна вредност на репроматеријали |
892,498 ден. |
|
|
|
2 |
Потрошено гориво |
35,497 ден. |
|
|
|
3 |
Резервни делови за одржување на постојаните средства |
200,249 ден. |
|
|
|
4 |
Средства за одржување на хигиена |
0 ден. |
|
|
|
5 |
Канцелариски материјал |
26,256 ден. |
|
|
|
6 |
Потрошени останати суровини и материјали |
17,939 ден. |
|
|
|
7 |
Потрошен гас за греење |
20,468 ден. |
|
|
|
б) |
НЕМАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ |
|
4,736,136 ден. |
|
|
1 |
Регистрација на возила |
6,909 ден. |
|
|
|
2 |
Осигурување од дејности,моторни возила и повреда при работа |
9,311 ден. |
|
|
|
3 |
Трошоци за телефонски услуги и интернет |
62,674 ден. |
|
|
|
4 |
Поштарина |
21,568 ден. |
|
|
|
5 |
Услуги за одржување на постојаните средства |
111,000 ден |
|
|
|
6 |
Дневници за службени патувања на вработените |
0 ден. |
|
|
|
7 |
Надомест на У.О. и Н.О |
35,000 ден. |
|
|
|
8 |
Останати услуги |
138,785 ден. |
|
|
|
9 |
Останати нематеријални трошоци |
4,330,695 ден. |
|
|
|
9/1 |
Kомунални трошоци |
3,561,915 ден. |
|
|
|
9/2 |
Одржување на софтвер за зонско паркирање |
477,906 ден. |
|
|
|
9/3 |
Комунална и останати такси |
253,518 ден. |
|
|
|
9/4 |
Други нематеријални трошоци |
37,356 ден. |
|
|
|
9/5 |
Трошоци за систематски прегледи на вработените |
0 ден. |
|
|
|
10 |
Репрезентаци |
1,500 ден. |
|
|
|
11 |
Надоместок за платниот промет |
16,493 ден. |
|
|
|
12 |
Парични казни и камати |
2,201 ден. |
|
|
|
13 |
Амортизација |
0 ден. |
|
|
|
Р.бр |
ОПИС |
ЈАНУАРИ-МАРТ 2024 во денари |
||
|
в |
БРУТО ПЛАТИ |
|
3,247,688 ден. |
|
|
1 |
НЕТО ПЛАТИ |
2,172,980 ден. |
|
|
|
2 |
ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ |
909,348 ден. |
|
|
|
3 |
ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ОД ПЛАТИ |
165,360 ден. |
|
|
|
г |
ДРУГИ ТРОШОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ |
|
0 ден. |
|
|
1 |
Помош во случај на смрт на член од потесно семејство |
0 ден. |
|
|
|
2 |
Отпремнина при заминување во пензија |
0 ден. |
|
|
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ
резултати во Ј П“ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица
за период од 01.01.2024год. до 31.03.2024год.
За извештајниот период Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 8.975.794,00 денари.
Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 9.176,731денари од кои:
1.Материјални трошоци во износ од 1.192.907,00 денари.
2.Нематеријални трошоци во износ од 4.736.136,00 денари.
3.Бруто плати за вработените во износ од 3.247.688,00 денари.
Односно,искажана е загуба во износ од 200.937,00 денари.
Ј П" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-
Струмица