EN MK

Програма за работа за 2024год


02.01.2024

 

Јавно Претпријатие

Паркиралишта Струмица

Струмица


ul: 24 Oktomvri br.2 Strumica 2400

034/343-787  e-mail: parkiralista_strumica@yahoo.com



Врз основа на член 19 од Законот за јaвни претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22) и член 33 став 2 точка 3 од Статутот на ЈП Паркиралишта Струмица – Струмица со бр.01-720/1 од 18.08.2022 година, Управниот Одбор на ова претпријатие на седницата одржана на ден 14.12.2023 година донесе  



П Р О Г Р А М А

За работа за 2024 година






ВОВЕД

Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори Паркиралишта Струмица е основано со Одлука на Советот на Општина Струмица во 2008 и регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија . Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 година даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување, со што беше извршена промена на регистрацијата и во Централниот регистар.

Првичната идеја за неговото основање беше на системски начин да се реши проблемот со паркирањето на моторни возила во градот Струмица со определување и уредување на паркинг места и паркиралишта и да допридонесе за комуналниот ред во градот Струмица. Со проширувањето на дејноста претпријатието ги превзеде и надлежностите во делот на одржување на уличното осветлување, што подразбира вршење на работите за функционирање и спроведување на координативно стручна функција во насока на моделирање и зајакнување на системот на услуги на јавното осветлување, редовното одржување на мрежата за јавно осветлување и поставување на нови мрежи за јавно осветлување на подрачјето на општина Струмица.

Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори "Паркиралишта Струмица"- Струмица поаѓа од целите и интересите утврдени на ниво на општина како и на Јавното претпријатие засновани на расположливите средства за работа и достигнатитот степен за развој.

Со оваа Програма се утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на Јавното претпријатие, видовите на организационите облици, условите за нивно образување и раководење со нив.

Со планирањето се поставуваат целите и задачите, се конкретизираат и предвидуваат средствата што претпријатието треба да ги има на располагање и активностите што треба да се превземат за остварување на поставените задачи.

Годишната програма за 2024 година е план кој претставува конкретизација на поставените задачи на претпријатието за период од една година.

Со овој план се опфаќа вкупната активност на претпријатието за 2024 година, така што се конкретизира извршувањето на определена работа, потрошени средства за извршување на истата и проектирани економски резултати од активностите превземени со годишниот план. 

Струмица,како и многу градови во Република Македонија, веќе со години го каректеризира преоптеретеност на сообраќајот и константен недостиг на паркинг простори.

За решавање на овој проблем, исто како и во изминатиов период посебно внимание ќе се посвети на корисниците на услугите, со посебен осврт на жителите и вработените во централното градско подрачје, кои секојдневно се соочуваат со проблемот на паркирање и непрописно паркирани возила. 

Програмата за работа за 2024 година поаѓа од целите и интересите утврдени на ниво на претпријатието за постигнување на подобри резултати во работењето засновани на расположливите средства за работа и достигнатиот степен на развој на Јавното Претпријатие "Паркиралишта Струмица" - Струмица.






Основни појдовни елементи врз кои се заснова изготвување на програмата се

 

  • дефинирање на планираниот физички обем на работа;
  • дефинирање на приходите од работењето;
  • дефинирање на трошоците кои ќе се направат при работењето.

 

Надлежностите на Претпријатието се утврдени со:

  • Закон за Јавни претпријатија
  • Закон за Комунална дејност
  • Закон за Локална самоуправа
  • Закон за Безбедност во сообраќајот
  • Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење на град Струмица
  • Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица
  • Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица
  • Статутот на Претпријатието како и групирање на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста, нивната меѓусебна сродност и поврзаност.

 

  1. Организациона поставеност на Претпријатието

Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -

Струмица е составено од два сектори и четири одделенија:

  • Сектор за административни работи и човечки ресурси
  • Одделение за администрација;
  • Одделение за човечки ресурси;

 

  • Сектор за јавни паркиралишта и пајак служба
  • Одделение за паркиралишта;
  • Одделение пајак;

 

  • Одделение јавно осветлување



2.Листа на инфраструктурни објекти:

Одделението Јавни паркиралишта работи со паркинг просторот под Плоштад Гоце-Делчев како затворен паркинг и сите отворени јавни паркиралишта кои се опфатени со зонското паркирање.

Дополнително “Паркиралишта Струмица”- Струмица користи магацински дел за складирање на репроматеријалите за одржување на уличното осветлување и хоризонталната сигнализација, во кабината покрај наплатната рампа во подземниот паркинг под плоштадот Гоце Делчев .



  1. Механизација со кој располага Претпријатието

Претпријатието во моментот располага со специјално возило пајак марка “Волво” со кое врши отстранување на неправилно паркираните и запрени возила по улиците, тротоарите и други јавни површини во градот Струмица.

Располага и со патничко моторно возило ФОРД ФОКУС – караван, кое се користи за потребите на извршувањето на одбележување на хоризонталната сигнализација , со две моторни возила ФИАТ ПУНТО кои се користат при поставување на блокатори, поради полесниот пристап до местото за работа.

Претпријатието има набавено блокатори -  уреди за закочување на возилата кои се користат во случај да не постојат услови за подигање на неправилно паркираните и запрени возила, кои го попречуват нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот по улиците во градот или во случај на издаден доплатен билет заради нерегулираното паркирање во делот на зонското паркирање.

Во делот на одржување на уличното осветлување јавното претпријатие поседува едно Nissan Cabstar – дигалка со кое се вршат сите технички интервенции за непречено сервисирање на јавното осветлување на територијата на цела општина Струмица.

 

  1. План за работа по одделенија во јавното претпријатие “Паркиралишта Струмица” за 2024 та година

 

4.1. Одделението за јавни паркиралишта ќе ги врши работите поврзани со:

   - организирање на паркирањето на јавните паркинг простори

   - одржување на јавните паркинг простори

   - надзор на наплата за паркирање на јавните паркиралишта

 

Во вршењето на основната дејност претпријатието ќе настојува да го организира паркирањето односно сообраќајот во мирување, согласно условите и потребите на граѓаните, притоа имајки го во предвид фактот дека во централното градско подрачје потребно е да се обезбеди побрз проток на сообраќајот по клучните сообраќајници. 

 

Паркингот под плоштадот Гоце Делчев располага со 82 места и ќе работи 24 часа за паркирање во текот на цела 2024 та година. На тој начин се планира истиот да го растерети метежот на паркирање во централното градско подрачје. Иако искуството досега беше покажало дека навиката за паркирање во подземниот паркинг простор не е на завидно ниво кај граѓаните на општина Струмица, сепак заради ограничувањето на времетраењето во црвена зона по булеварите Ленинова и Маршал Тито, со воведување на зонското паркирање степенот на свесност за користењето на паркинг просторите е значително покачена а со тоа е зголемена и безбедноста во сообраќајот и намален метежот во централното градско подрачје.

Струмица како град со воведувањето на зонското паркирање голем дел од булеварите стави во функција за општо добро на сите граѓани и овозможи непречено паркирање паралелно со тротоарот на едната коловозна лента со што се намали сообраќајниот метеж по улиците во градот, особено во централното градско подрачје.

 

Во текот на 2024   та година ЈП “Паркиралишта Струмица” ќе се реализира паркирањето согласно проектната документација изработена за режимот на сообраќај во поедини делови од градот кои се во склоп претежно на површините во жолта зона, излегувајќи им во пресрет на граѓаните кои го немаат регулирано паркирањето во склоп на своите домувања, односно немаат паркинг простори. Па исто како и за граѓаните од жолта зона кои повластено паркираат на јавните површини во склоп на зонското паркирање, целта е лоцираните проблематични подрачја на систематски начин да се решат. Станува збор за улици кои се критични во делот на организацијата на режимот на сообраќај а сепак се неопходни за безбедна циркулација на луѓе и возила низ истите.

 

Дополнително, со посебни акти ќе бидат утврдени паркинг местата на паркинг просторите, сообраќајниците и тротоарите и на слободните површини на кои е дозволено паркирањето во рамки на зоните, прашањата за начинот и постапката за наплатата на паркирањето преку СМС пораки и греб карти, постапката за повластено паркирање, за резервациите како и за постапките и начинот за употреба на блокатори на тркалата на возилата, наплатата на доплатен билет, како и сите останати прашања кои се однесуваат на паркирањето а се во согласност со досегашното функционирање на зонското паркирање. 

Како предуслов за решавање на паркирањето во централното градско подрачје се наметнува потребата од физичко обезбедувањето на тротоарите за намената за кои се изградени. Досегашната пракса покажа дека тротоарите најчесто се користеа за паркирање на моторни возила. Во таков случај пешаците се движат или помеѓу паркираните возила или по коловозните ленти, при што дополнително го усложнуваат одвивањето на сообракајот. Освен успорувањето и хаосот во сообракајот во централното градско подрачје, каде на исти сообраќајни површини (коловозни ленти и тротоари) се наоѓаат и возилата и пешаците, сообракајот се одвива со низок степен на безбедност, со големи застои, стихијно и хаотично. Со оглед на тоа што ЈП Паркиралишта Струмица постави анти паркинг уреди за да го заштити од недозволен сообраќај и градскиот плоштад Гоце Делчев но истите беа дел насилно отстранети, дел вандалски уништени

4.2 Одделението пајак ќе ги врши следниве работи:

-отстранување на погрешно паркирани возила кои претставуваат пречка во нормално одвивање на сообраќајот;

-обезбедување повеќе слободни паркинг места на постојните јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање;

-превентивно делување на учесниците во сообраќајот, особено на несовесните возачи кои погрешно и непрописно ги паркираат своите возила и

-отстранување на моторни возила паркирани на површини наменети за движење на пешаци, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на оваа најранлива категорија учесници во истиот

- отстранување и пренос на возила кои не го регулирале своето паркирање во согласност со правилата за зонско паркирање

- прием на возила отстранети по налог на полицијата и инспекцијата во депото за отстранети возила

- сместување на возилата во депото за остранети возила, издавање на возилата на корисниците, наплата на услугите 

- поставување на блокатори на возила за кои нема услови да бидат подигнати од Пајак возилото

За успешно работење на ова одделение, покрај средување и организацијата на паркирањето преку зонското паркирање, во некои сегменти ќе биде неопходна и соработка со сообраќајната полиција од Полициска станица Струмица и комуналните инспектори на општина Струмица. Заради олеснување на пристапот до пајак возилото и користење на неговите услуги отворена е телефонска линија која ќе биде достапна 24 часа, на која граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуално попречување на сообраќајниот тек и согласно тоа да бидат превземени потребните мерки.

 

4.3 Одделението за администрација ги врши работите со кои се обезбедува спроведување на регулаторна, координативно стручна и нормативно- правна функција во насока на моделирање и зајакнување на системот за зонско и транспарентно реализирање на надлежностите на претпријатието, кадровско екипирање, професионално оспособување и стручно оспособување на вработените во претпријатието со цел градење на стручен и ефикасен кадровски ресурс и спроведување на работите од општ и заеднички интерес на претпријатието. Дополнително се вршат и работи кои се во функција на организација и контрола на финансиското работење.

 

4.4 Основната дејност на одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица е одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација.

Покрај основната дејност заради постигнување на поквалитетен начин на одржување, одделението предлага и реализира различни технички решенија се со цел да се заштеди електрична енергија и да се добие поквалитетно осветлување како и поквалитетен начин на живеење.

Одделението за јавно осветлување ќе го врши одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица кое опфаќа околу 5000 расветни тела. Нивото на осветленост на поединични сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.

Тековното одржување на јавното осветлување се состои од:

 

  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти како и нивно отсранување по трафо реони
  • пријава од страна на граѓани преку сервисот на Систем 48
  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти и нивно отстранување по основ на пријава на надлежните органи (Комунална инспекција)
  • обиколка на места со незгоди (вандализам, сообраќајка, временски неприлики и сл.)

 

Дополнително одделението за улично осветлување посебно внимание ќе посвети на

 

  • Прераспределбата на оптеретувањето по фази ( несиметричното оптеретување по фази предизвикува зголемување на загубите во мрежата а со тоа и зголемување на потрошувачката на електрична енергија)
  • Поставување на нови кабелски линии (воздушни) како замена на веќе постоечките (алчелик) заради подобрување на енергетската инфра структура. Предвидено е да се постави околу 3000м кабел ( X00 Al 2x16mm2) на места каде ваквата замена е неопходна на територијата на општина Струмица
  • Замена на дотраени електрични( дрвени) столбови на места каде тоа е навистина неопходно. 
  • Теренски увид за можност за поставување на расветни тела по барање на граѓаните
  • Спроведување на акција за заштита од струен удар
  • Поставување на метални и пластични заштитни капаци означени со симбол за висок напон на места каде е неопходно.
  • Спроведување на акција за сознавање на точен број на расветни тела во градот Струмица

 

Земајќи во предвид дека бројот на расветни тела се зголемува, а со тоа се зголемува и инсталираната и едновремената моќност па со тоа се зголемуваат и трошоците за потрошена електрична енаргија, се со цел да се намалат таквите трошоци се бараат можности и решенија како што се поставување на штедливи светилки, ЛЕД светилки, електронски пригушници, реализација со предлог план за централизиран систем за регулација на светлосниот флукс, уреди за управување на режимот на работа на осветлувањето, и др.

Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе се тежи да се пружат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци. Планирана е и набавка на уште едно специјално возило- платформа за потребите на одделението на улично осветлување.

 

  1. Финансиски план за 2024 год за работа на Јавното претпријатие “Паркиралишта Струмица” - Струмица

 

Изготвувањето на Програмата за работа на претпријатието за 2024  година мора да биде пратено со план за остварување на финансиските средства за истата

Ред.бр.

опис

во денари без ДДВ 

 

Вкупно во денари без ДДВ 

A.

Приходен дел

   

82.680.935

1.

Приходи од подигнати, неправилно паркирани и запрени возила – пајак служба / поставени блокатори и услуги кон трети лица 


   4.200.000

   

2.

Затворен паркинг Гоце Делчев


  5.551.482

   

3.

Отворени паркинг простори (зонско паркирање)

14.660.000

   

4.

Програма за одржување на улично осветлување

7.627.119

   

5.

Одржување на хоризонтална сигнализација

847.458

   

6.

Изградба на улично осветлување на дел од ул.Гоце Делчев(Индустриска улица кај АЛ Демик)

715.003

   

7.

Репарација и фарбање на метални столбови за улично осветлување. 

847.458

   

8.

Набавка испорака и монтажа на метални столбови за улично осветлување.

423.729

   

9.

Изградба на улично осветлување на ул.11ти Октомври во делот од пресек со ул.Ѓуро Салај до пресек со ул.Никола Тесла и дел од ул.22ри Декември-Струмица

2.573.475

   

10.

Изградба на улично осветлување на ул.Ѓорѓи Упчев и на улица 134 во Струмица

978.103

   

11.

Набавка,испорака и монтажа на ПП апарати, хидранти и црева во склоп на правилник за заштита од пожар, спасување и евакуација во паркинг Гоце Делчев-Струмица

254.237

   

12.

Реконструкција на сообраќајна сигнализација на семафори на бул.Маршал Тито и бул.Ленинова

1.271.186

   

13.

Реконструкција на хидросистемот за одведување на атмосферски води во паркинг Гоце Делчев во Струмица

254.237

   

14.

Набавка и монтажа на паркиралишта за велосипеди

60.000

   

15.

Изградба на улично осветлување на ул.Цветан Димов во дел од ул.Ѓуро Салај,ул.Кољо Орцев и дел од ул.Никола Тесла-Струмица

7.925.924

   

16.

Набавка и монтажа на бетонски и метални столбови за оградување на тротоари

338.983

   

17.

Новогодишно осветлување

3.389.830

   

18.

Реконструкција на осветлувањето на метален крст над Градот Струмица

2.118.644

   

19.

Набавка на возило со платформа за работа на висина

2.118.644

   

20.

Разводни ормари за улично осветлување (50 бр. прва фаза)

4.237.288

   

21.

Физибилити студија за паметно осветлување во Општина Струмица

254.237

   

22.

Светлосни арматури за улично осветлување

5.084.746

   
         

23.

Трансфер на средства врз основа на ЕЕ за јавно осветлување

16.949.152

   

Б.

Расходен дел 

   

82.680.935

1.

Материјални трошоци и амортизација

   

60.130.935

1.1

Гориво за возила 

500.000

   

1.2

Резервни делови

1.200.000

   

1.3

Компјутери и компјутерска опрема 

60.000

   

1.4

Канцелариски материјал и термална хартија за паркинг системи

150.000

   

1.5

Канцелариски мебел 

60.000

   

1.6

Репроматеријали за улично осветлување.  

3.500.000

   

1.7

Потрошен ситен репроматеријал

  60.000

   

1.8

Потрошен гас за загревање

100.000

   

1.9

Трошоци за електрична енергија/водовод/канализација

110.000

   

1.10

Печатарски услуги (флаери, греб карти, рекламен материјал)

150.000

   

1.13

Алат за работа

60.000

   

1.14

Материјали за одржување на постојани средства

50.000

   

1.15

Амортизација

1.100.000

 

1.16

Блокатори за возила

60.000

   

1.17

Информативни и дополнителни табли и сообраќајни знаци

300.000

   

1.18

Репроматеријали и боја за одржување на хоризонтална сигнализација

800.000

   

1.19

Набавка на камери за видео надзор за депо. 

100.000

   

1.20

Други материјални трошоци

200.000

   

1.22

Градежни работи(машински ископ,транспорт,монтажа,демонтажа на дрвени, бетонски и метални столбови

200.000

   

1.24

Изградба и уредување на депо

600.000

   

1.25

Изградба на улично осветлување на дел од ул.Гоце Делчев(Индустриска улица кај АЛ Демик)

715.003

   

1.26

Репарација и фарбање на метални столбови за улично осветлување.

847.458

   

1.27

Набавка испорака и монтажа на метални столбови за улично осветлување.

423.729

   

1.29

Одржување на наплатна рампа во подземен паркинг Гоце Делчев

400.000

   

1.30

Изградба на улично осветлување на ул.11ти Октомври во делот од пресек со ул.Ѓуро Салај до пресек со ул.Никола Тесла и дел од ул.22ри Декември-Струмица

2.573.475

   

1.31

Изградба на улично осветлување на ул.Цветан Димов во дел од ул.Ѓуро Салај,ул.Кољо Орцев и дел од ул.Никола Тесла-Струмица

7.925.924

   

1.32

Изградба на улично осветлување на ул.Ѓорѓи Упчев и на улица 134 во Струмица

1.154.162

   

1.33

Набавка и монтажа на бетонски и метални столбови за оградување на тротоари

338.983

   

1.34

Набавка и монтажа на паркиралишта за велосипеди

60.000

   

1.35

Новогодишно осветлување

3.389.830

   

1.36

Светлосни арматури за улично осветлување

5.084.746

   

1.37 

Работна облека за вработените

400.000

   

1.38

Набавка,испорака и монтажа на ПП апарати, хидранти и црева во склоп на правилник за заштита од пожар, спасување и евакуација во паркинг Гоце Делчев -Струмица

254.237

   

1.39

Реконструкција на сообраќајна сигнализација на семафори на бул.Маршал Тито и бул.Ленинова

1.271.186

   

1.40

Реконструкција на хидросистемот за одведување на атмосферски води во паркинг Гоце Делчев во Струмица

254.237

   

1.41

Реконструкција на осветлувањето на метален крст над Градот Струмица

2.118.644

   

1.42

Физибилити студија за паметно осветлување во Општина Струмица

254.237

   

1.43

Набавка на возило со платформа за работа на висина

2.118.644

   

1.44

Разводни ормари за улично осветлување (50 бр. прва фаза)

4.237.288

   

1.45

Трансфер на средства врз основа на ЕЕ за јавно осветлување

16.949.152

   

2.

Нематеријални трошоци

   

5.740.000

2.1

Услуги за одржување на постојани средства

800.000

   

2.2

Надомест  за услуга на оператор за одржување на софтвер за зонско паркирање

2.500.000

   

2.3

Огласи и објави 

200.000

   

2.4

Изработка на проектна документација за изградба на улично осветлување со геодетски елаборат и со ревизија

300.000

   

2.5

Надзор за изградба на улично осветлување

120.000

   

2.6

Изработка на сообраќајна проектна документација за зонско паркирање со ревизија

200.000

   

2.6

Осигурување

200.000

   

2.7

Телефонски и интернет услуги

280.000

   

2.8

Поштарина

80.000

   

2.9

Регистрација на возила

80.000

   

2.10

Дневници за службени патувања

60.000

   

2.11

Репрезентација

80.000

   

2.12

Трошоци за платен промет

60.000

   

2.13

Усовршување и едукација на вработени

80.000

   

2.14

Надоместоци на управен и надзорен одбор

300.000

   

2.15

Други нематеријални трошоци

200.000

   

2.16

Донации и спонзорства 

200.000

   

3.

Бруто плати и други надоместоци од плата

   

16.000.000

4.

Регрес за годишен одмор - К15

   

650. 000

5.

Отпремнина при заминување во пензија

   

160.000

 

Планираното остварување на финансиските средства од работењето и давањето услуги во овој процес се основа на повеќе појдовни елементи и показатели:

 

  • Физичкиот обем на давањето услуги
  • Очекуваните приходи
  • Искористувањето на постојаните капацитети
  • Трошоци од работењето 
  • Начинот и формата на наплатата на дадените услуги
  • Трошоци за тековно одржување на објектите

Програмата за работа на Јавното Претпријатие во 2024 година ќе се финансира од сопствени средства по пат на наплата од користење на услугата парк<