Оглас за избор на членови на надзорен одбор
02.01.2024
Врз основа на член 17-а од Законот за јавните претпријатија (,,Службен Весник на Република Македонија,, бр.38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и ,,Службен Весник на Република Северна Македонија,, бр.275/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Службен Весник на Република Северна Македонија бр.283 од 27.12.2022 година), Советот на општина Струмица објавува:
Јавен повик
за избор на членови на Надзорен одбор на на Јавно претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори,, Струмица – ЈП ,,Паркиралишта Струмица,, Струмица
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членови на Надзорниот Одбор на ЈП ,,Паркиралишта Струмица,, Струмица.
Надзорниот одбор на ЈП ,,Паркиралишта Струмица,, Струмица брои 3 (тројца) членови, кои се пријавуваат и избираат согласно постапка предвидена во Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (,,Службен Весник на Република Северна Маледонија бр.283 од 27.12.2022 година), донесен од страна на Министерот за финансии Крешник Бектеши.
Претежната дејност на Претпријатието е под шифра:
43.21 Електроинсталатерски работи
52.21 Услужни дејности поврзани со копнениот превоз.
Претпријатието обавува и други дејности во согласност со закон.
Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот Повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на општина Струмица:
www.strumica.gov.mk
и на страната на ЈП ,,Паркиралишта Струмица,, Струмица:
www.strumicaparking.mk
За член на Надзорен одбор на јавното претпријатие може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
Освен условите наведени во член 26 став 2 од Законот за јавни претпријатија, членовите на надзорниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- еден член на НО треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на на јавното претпријатие, согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од Државниот завод за статистика,
- еден член на НО треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење,
- еден член на НО треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењто на мандатот на членовите изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Финансикиот надоместок на членовите на Надзорниот Одбор изнесува за претседател – 3.000,оо денари и за член - 2.500,оо денари.
Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, членовите на НО можат да присуствуваат на седница на УО и им се доставува Покана со сите материјали, задолжително ги прегледуваат тримесечните извештаи кои содржат показатели за финансико работење, годишните сметки и извештајот за работа на ЈП и му дава мислење на УО.
Надзорниот одбор може да дава одобрение на актите донесени од УО, доколку тоа е утврдено со Статутот на ЈП.
НО задолжително се состанува најмалку четири пати годишно.
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на НО на ЈП ,,Паркиралишта Струмица,, Струмица,, Струмица се:
Постапката за селекција на членовите на надзорниот одбор на ЈП се состои од две фази и тоа:
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Струмица: www.strumica.gov.mk
Јавниот повик се објавува на ден 02.01.2024 година (вторник) и трае 10 (десет) работни дена, односно најдоцна до 16.01.2024 година (вторник).
Пријавите (пријавата ја има во прилог на Јавниот повик) заедно со целокупната документација се доставуваат во хартиена форма, по пошта на адреса:
Општина Струмица, ул,,Сандо Масев“ бр.1, 2400 Струмица, или во архива на Општина Струмица (со назнака: За Јавен повик за именување на член на Надзорен одбор на ЈП ,,Паркиралишта Струмица,, Струмица).
Краен рок за поднесување на пријавите е 16.01.2024 година (вторник) до 16 часот.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски