EN MK

Одлука за избор на кандидати


01.12.2023

Врз основа на член 37-м од Законот за јавните претпријатија ((„Службен весник
на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12,
119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), член 20-д од Законот за
вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14,
199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.
143/19 и 14/20)
и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерниот
оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и
унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за
унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги со бр.01-
448/1 од 15.06.2017 година, а во врска со доставената конечна ранг листа на
кандидати и предлог за вработување на кандидати со бр.04-1000/26 од 29.11.2023
година и објавениот јавен оглас 01/2023 од 01.11.2023 година, Директорот на ЈП
Паркиралишта Струмица - Струмица на ден 30.11.2023 година ја донесе следната

 

О Д Л У К А
за избор на кандидати по објавен јавен оглас
за вработување на даватели на јавна услуга на неопределено време во
ЈП „Паркиралишта Струмица“ -Струмица

  1. За работните места објавени во јавниот оглас бр.01/2023 објавен на 01.11.2023
    година во дневните весници ,,Слободен печат”, ,,Вечер” и ,,Коха”, за вработување на
    даватели на јавна услуга во ЈП Паркиралишта Струмица – Струмица, избрани се
    следниве кандидати:
    - За работното место под реден број 1 - КДР 0305Б02084 Поставувач на блокатори,
    Македонец(ка) 2 извршители, се избираат кандидатите Зоран Анастасов и Благој
    Балтаков.
    - За работното место под реден број 2 - КДР 0305Б02070 Возач на возило-пајак
    Македонец(ка) 1 извршител, не се врши избор.
    - За работното место под реден број 3 – КДР 0305Б02050 Контролор на паркирање
    Македонец(ка) 1 извршител, се избира кандидатот Панде Комаров.
    - За работното место под реден број 3 – КДР 0305Б02050 Контролор на паркирање
    Турчин(ка) 1 извршител, не се врши избор.
    - За работното место под реден број 4 - КДР 03 05 Б01 070 Координатор и контрола на
    контролори и поставувачи на блокатори, Македонец(ка) 1 извршител, не се врши
    избор.
    2. Со избраните кандидати од точка 1 по конечноста на оваа Одлука, ќе се склучи
    договор за вработување на неопределено време.
    3. Оваа Одлука ќе биде огласена на веб страната и на огласната табла на ЈП
    Паркиралишта Струмица – Струмица.
    4. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
                                        Образложение
    На ден 01.11.2023 година во дневните весници ,,Слободен печат”, ,,Вечер” и ,,Коха”
    беше објавен јавен оглас 01/2023 за вработување на 6 (шест) даватели на јавна услуга
    во ЈП Паркиралишта Струмица – Струмица.
    Постапувајќи по одредбите од Законот за јавни претпријатија и Правилникот за
    формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерниот оглас за
    унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и
    унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за
    унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги,
    Комисијата за селекција со Записник бр. 04-1000/24 од 27.11.2023 година изврши
    административна селекција по оглас бр.01/2023 и констатира дека за огласеното
    место под реден број 1 се пријавиле 3 кандидати од кои 2 се уредни кандидати,
    додека 1 кандидат е неуреден бидејќи нема соодветен вид на образование. За
    огласеното место под реден број 2 предвидено за националност Македонец (ка) нема
    пријавени кандидати, за огласеното место под реден број 3 Македонец (ка) уредно се
    пријавил 1 кандидат, за огласеното место под реден број 3 предвидено за
    националност Турчин(ка) нема пријавени кандидати и за огласеното место под реден
    број 4 Македонец (ка) нема пријавени кандидати.
    Во просториите на ЈП Паркиралишта Струмица на ден 29.11.2023 година се
    спроведе усно интервју со уредните кандидати, за што постои и Записник бр. 04-
    1000/25 од 29.11.2023 година .
    Врз основа на резултатите од сите фази на селекција, се изготви конечна ранг
    листа на кандидати и предлог за вработување на кандидати по оглас бр. 01/2023 со
    бр.04-1000/26 од 29.11.2023 година.
    Истата беше доставена до Директорот на ЈП Паркиралишта Струмица, при што се
    одлучи како во диспозитивот од оваа Одлука.
    УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат
    има право на жалба до управниот одбор на претпријатието во рок од 8 (осум) дена од
    денот на приемот на одлуката, од денот на објавувањето на одлуката на веб страната
    и огласната табла на претпријатието.
    ЈП Паркиралишта Струмица
    Директор
    Иван Стаменовски