Оглас за вработување 01/2023
01.11.2023
Јавно претпријатие "Паркиралишта Струмица" - Струмица
ул. "24-ти Октомври" бр.2, 2400 Струмица
тел./факс 034 343 787 e-mail: parkiralista_strumica@yahoo.com
Врз основа на член 37-е и член 37-и од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 89/22), а во врска со член 20-г и 21 став 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија„ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/2018 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) и Одлука за вработување на даватели на јавна услуга на неопределено време во ЈП „Паркиралишта Струмица“ –Струмица со бр. 04-1000/1 од 30.10.2023 година, Директорот на ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023
за вработување на неопределено време на 6 (шест) даватели на јавна услуга од Група ΙΙΙ, подгрупа V во ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица за следното работно место:
1.КДР 0305Б02084 Поставувач на блокатори, Одделение за пајак служба, Сектор за јавни паркиралишта и пајак,
2 извршители.
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска одлука да не им е иречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
- најмалку две години работно искуство во струката и
- возачка дозвола за Б категорија.
Распоред на работно време:
Работни денови понеделник-сабота.
Работни часови неделно 40.
Работно време е во смени.
Паричен нето износ на плата: 23.614,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 2.
2.КДР 0305Б02070 Возач на возило-пајак, Одделение за пајак служба, Сектор за јавни паркиралишта и пајак,
1 извршител.
Општи услови:
-да е државјани на Република Македонија,
-активно да го користат македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска одлука да не им е иречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,
- најмалку две години работно искуство во струката и
- возачка дозвола за Ц категорија.
Распоред на работно време:
Работни денови понеделник-сабота
Работни часови неделно 40
Работно време е во смени
Паричен нето износ на плата: 23.614,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 1 .
3.КДР 0305Б02050 Контролор на паркирање, Одделение за јавни паркиралишта, Сектор за јавни паркиралишта и пајак, 2 извршители.
Општи услови:
-да е државјани на Република Македонија,
-активно да го користат македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска одлука да не им е иречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование и
- најмалку две години работно искуство во струката.
Распоред на работно време:
Работни денови понеделник-сабота
Работни часови неделно 40
Работно време е во смени
Паричен нето износ на плата: 23.614,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 1 и Турчин(ка) 1.
4.КДР 03 05 Б01 070 Координатор и контрола на контролори и поставувачи на блокатори, Одделение за јавни паркиралишта, Сектор за јавни паркиралишта и пајак, 1 извршител.
Општи услови:
-да е државјани на Република Македонија,
-активно да го користат македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска одлука да не им е иречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен, Правни науки,Организациони науки и управување (менаџмент) или Економски науки, и
- најмалку три години работно искуство во струката.
Распоред на работно време:
Работни денови понеделник-сабота
Работни часови неделно 40
Работно време е во смени
Паричен нето износ на плата: 25.359,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 1 .
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во хартиена форма.Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавување на огласот. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, пријавата можат да ја подигнат од архивата на претпријатието. Пополнетите пријави заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица или по пошта на адреса: ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица, ул. 24 Октомври бр.2 Струмица.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
Кандидатите кон пријавата треба да приложат:
-Кратка биографија, уверение за државјанство, доказ за завршено образование, доказ за работно искуство, фотокопија од документ за идентификација, фотокопија од возачка дозвола ( за работните места, возач на возило –пајак и поставувач на блокатори), доказ за општа здравствена способност за работното место и доказ дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапка за вработување.
ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица
Директор
Иван Стаменовски