EN MK

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ (од 1.01.2021 до 31.12.2021)


28.09.2023

     Согласно член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на Р.С.М. бр.101/2019), Јавно претпријатие за изградба одржување и користење на јавни паркинг простори ,, Паркиралишта Струмица“-Струмица, ул.Боро Џони бр.10,тел/факс 034/343-787, e-mail: parkiralista_strumica@yahoo.com, службеното лице Татјана Медарска го подготви следниот

 

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

(од 1.01.2021 до 31.12.2021)

 

 

  1. Податоци за службените лица определени за посредување со информации кај

 имателите на информации;

-Татјана Медарска , тел.075 388-020 , 034 343787 и e-mail parkiralista_strumica@yahoo.com  или tmedarska@yahoo.com вработена во Јавното претпријатие ,, Паркиралишта Струмица“-Струмица, посредува со информациите од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

 

  1. Број на примени барања;

2 (две) поднесени барања

1.Барање со бр. 0302-13/1 од 24.02.2021 год. од Здружение за развој Центар за управување со промени, ул.Рајко Жинзифов бр.44-1, Скопје, тел. 02 6092-216, е-маил: kristina.ilievska@cup.org.mk

 Овластено лице на барателот на информацијата: Неда Малевска Сачмароска.

Предмет на барање: Податоци заради за спроведување на анализа за тековната состојба на јавниот сектор.

  1. Барање со бр. 0302-13/2 од 24.02.2021 год.. од Здружение за развој Центар за управување со промени, ул.Рајко Жинзифов бр.44-1, Скопје, тел. 02 6092-216, е-маил: kristina.ilievska@cup.org.mk

 Овластено лице на барателот на информацијата: Неда Малевска Сачмароска.

Предмет на барање: Податоци заради за спроведување на анализа за за структурата и организацијата на јавната администрација во република Северна Македонија, како и практиките за комуникација со јавноста, внатрешно пријавување и придонес кон целите на одржлив развој на ОН.

 

  1. Број на позитивно одговорени барања;

- 2 (две) барања се позитивно одговорено

-Барање со бр. 0302-13/1 од 24.02.2021 год. е позитивно одговорено,  бараната информација- доставување на податоци заради спроведување на анализа за тековната состојба на јавниот сектор,

е испратена по e-mail: kristina.ilievska@cup.org.mk,  на ден 05.03.2021 год.

-Барање со бр. 0302-13/2 од 24.02.2021 год. е позитивно одговорено,  бараната информација- доставување на податоци заради за спроведување на анализа за за структурата и организацијата на јавната администрација во република Северна Македонија, како и практиките за комуникација со јавноста, внатрешно пријавување и придонес кон целите на одржлив развој на ОН, е испратена по e-mail: kristina.ilievska@cup.org.mk,  на ден 05.03.2021 год.

 

  1. Број на одбиени и отфрлени барања со наведување на причините за секое одбиено или отфрлено барање;

-нема

 

  1. Број на неодговорени барања

-нема

 

  1. Број на вложени жалби против првостепени одлуки (решенија на имателите на информации, со опис на одлуката, како и со наведување на причините за донесената одлука во случај на повторно одбивање на бараната информација);

-нема

 

  1. Број на усвоени жалби со одлука на Агенцијата;

-нема

 

  1. Број на преиначени првостепени одлуки по постапување на Агенцијата

-нема

 

  1. Број на одбиени жалби од Агенцијата и причини за нивно одбивање и

-нема

 

  1. Број на отфрлени жалби од Агенцијата и причини за нивно отфрлање.

-нема

 

НАПОМЕНА: Таксативно набележаните обврски од член 36 значат и Ваша обврска на истите да одговорите прецизно, со податоци, коментари и карактеристики што произлегуваат од Вашата работа.

 

УКАЖУВАЊЕ: Согласнo Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство и заложбата „Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб страниците на институциите“, во Прилог на Годишниот извештај, службените лица кај имателите на информации од јавен карактер треба да ги внесат линковите до 22-те категории на документи содржани во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова Укажување се однесува на имателите на информации од јавен карактер кои имаат веб страници

 

-ЈП Паркиралишта Струмица нема веб страна.

 

  1. податоците од неговите надлежности кои ги извршува, односно му се утврдени со закон, (линк)
  2. основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса,

телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на интернет страницата, (линк)

  1. податоците за функционерот или одговорното лице кај имателот на информацијата

(биографија, податоци за контакт и друго), (линк)

  1. основните податоци за контакт со службеното лице за посредување со

информации и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број, (линк)

  1. основните податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно

пријавување и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број, (линк)

  1. список на лица вработени кај имателот на информацијата со позиција, службен емаил и службен телефон, (линк)
  2. законите кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило, (линк)
  3. прописите што во рамките на својата надлежност ги донесува имателот на

информацијата во вид на подзаконски акт: правилници (правилник за внатрешна

организација, правилник за систематизација на работните места, правилник за заштитено

внатрешно пријавување и друго), уредби, наредби, упатства, планови, програми, решенија

и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа се овластени

со закон, (линк)

  1. органограм за внатрешна организација, (линк)
  2. стратешки планови и стратегии за работа на имателите на информации, (линк)
  3. годишни планови и програми за работа, (линк)
  4. годишен Буџет и завршна сметка, (линк)
  5. годишни финансиски планови по квартали и програми за реализација на буџетот,
  6. ревизорски извештај, (линк)
  7. видови услуги кои ги даваат имателите на информации (информации за физичката

достапност за остварување на услугите и информации за е-услугите, податоците за

законските основи, називот на услугите, документите и податоците потребни за

остварување на секоја од услугите, механизмите за правна заштита и други релевантни

податоци), (линк)

  1. тарифници за надоместоци за издавање на реални акти, (линк)
  2. начинот на поднесување на барање за пристап до информации (начин на

поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено

по електронски пат), (линк)

  1. целокупната документација за јавните набавки, за концесиите и за договорите за

јавно-приватно партнерство, (линк)

  1. предлог на програми, програми, ставови, мислења, студии и други слични

документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на имателот на информации

соопштенија до јавноста за работи преземени од нивната интернет страница во согласност

со законските надлежности, информативни билтени, службени гласила ако се обврска

согласно закон и друго, (линк)

  1. извештаи за работа кои ги поднесуваат до органите надлежни за спроведување

контрола и надзор, (линк)

  1. статистички податоци за работата, како и други информации, акти и мерки со кои

се влијае на животот и работата на граѓаните и кои произлегуваат од надлежноста и

работата на имателот на информации (линк)

  1. други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на

информацијата. (линк)

 

 

Струмица, 04.01.2022 год                                            ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица

                                                                                                   (Имател на информации-печат)

 

 

 

 

                                                                                                  Татјана Медарска

                                                                                           (службено лице – потпис)