EN MK

Извештај од 01.01.2023-31.03.2023


24.07.2023

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" Струмица

 

ул: 24 Октомври бр.2

Струмица 2400

) 034/343-787   e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период

 од 01.01.2023 до 31.03.2023 година

 

 

 

 

 

 

                                                                          

Струмица, 2023

 

 

 

 

 

 

 

 

Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

 

      Седиштето на претпријатието е на улица „ул.24 Октомври“ бр.2 во Струмица.

 

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;

 

  1. Закон за Локална самоуправа;

 

  1. Закон за Безбедност во сообраќајот;

 

  1. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;

 

  1. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица

 

  1. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица

 

  1. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица

 

  1. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност

 

                                                                                                                                                                                  

Организациска поставеност на претпријатието     

 

 Органи на претпријатието се:

 

  •    Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;

 

  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 5 члена избрани од основачот на претпријатието и

 

  • Директор.

 

      

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

 

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

 

      Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени  и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

                                                                                                                   

      Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -

Струмица е составено од два сектори и четири одделенија:

           

  • Сектор за административни работи и човечки ресурси
  • Одделение за администрација;

 

  • Сектор за јавни паркиралишта и пајак служба
  • Одделение за паркиралишта;
  • Одделение пајак;

 

  • Одделение јавно осветлување

               

 

Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 Јавни паркиралишта                                                                   

 

 

 Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 35.876 корисници и тоа 33.076 преку смс и 2.800 преку греб карти  на расположливи 980 паркинг места односно истите искористиле 63.817  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

месец

Јануари

Февруари

Март

Вкупно за период  01.01.2023 – 31.03.2023

Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС пораки

 7.359

 12.651

 6.765

 12.580

 7.687

  13.975

21.811

 

39.206

 

Број на Греб карти

700

400

300

200

 500

700

1.500

 

1.300

Вк. паркирања по зони S1X/S2X

 8.059

 13.051

 7.065

 12.780

 8.187

  14.675

23.311

40.506

 

Вк. остварени паркирања

21.110

19.845

22.862

           63.817          

       Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 год.

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2023 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 535 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 371 дозволa се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 42 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 95 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 6 дозволи за правен субјект
  • 14 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозволa за месечна резервација во црвена зона
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона и
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона.

 

 

За месец февруари 2023 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 537 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 368 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 43 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 98 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 8 дозволи за правен субјект
  • 13 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозволa за месечна резервација во црвена зона
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозволa за годишна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за лица со хендикеп во движењето и
  • 1 дозвола за еко – возила.

 

 

 

За месец март 2023 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 544 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 372 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 43 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 98 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 8 дозволи за правен субјект
  • 15 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во црвена зона
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за еко-возила и
  • 4 дозволи за лица со хендикеп во движењето.

 

 

 

 

Пајак служба                                                                    

 

Во периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани,  вработените во пајак службата поставиле блокатори на тркала и на лице место наплатиле доплатен билет заради нерегулиран паркинг и тоа :

во јануари поставиле и наплатиле 59 блокатори, во февруари поставиле и наплатиле 95 блокатори и за месец март поставиле и наплатиле 118 блокатори  за нерегулиран паркинг на лице место. Вкупниот број на лице место наплатени блокатори за извештајниот период е 272.

Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

За извештајниот период од 01.01.2023 до 31.03.2023 година од страна на Полицијата нема повикано Пајак служба и нема поставено блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.

 

За извештајниот период од 01.01.2023 до 31.03.2023 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за одбележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, за извештајниот период од 01.01.2023 до 31.03.2023 нема извршено  одбележување на површина.

 

 

 

 

 

 

Одделение за јавно осветлување

                

                                                                                 

Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 5500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.

Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:

 

  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти како и нивно отстранување по трафо реони
  • пријава од страна на граѓани преку сервисот на Систем 48
  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти и нивно отстранување по основ на пријава на надлежните органи (Комунална инспекција)
  • обиколка на места со незгоди(вандализам, сообраќајка, временски неприлики и сл.)

 

            Во периодот јануари-март односно во периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 385 технички интервенции од кои 320  интервенции се извршени во градот Струмица, додека 65 интервенции се извршени во населените места.

            Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2023 до 31.03.2023:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈАНУАРИ

ФЕВРУАРИ

МАРТ

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Банско

3

Куклиш

1

Вељуса

2

Вељуса

2

Добрејци

3

Дабиле

2

Куклиш

4

Сачево

1

Град.Балдовци

2

Костурино

2

Банско

3

Костурино

1

Попчево

1

Дабиле

2

Куклиш

1

Град.Балдовци

2

Рич

1

Муртино

3

Просениково

2

Раборци

1

Просениково

2

Баница

2

Баница

2

Баница

1

Габрово

2

Свидовица

1

Габрово

2

Муртино

3

Муртино

1

Рич

1

Сачево

2

Белотино

1

Добрејци

1

Дабиле

3

Град.Балдовци

1

Струмица

137

Струмица

85

Водоча

1

/

/

/

/

Струмица

98

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

ВКУПНО

113

ВКУПНО

117

ВКУПНО

155

 

           

 

 

            Во извештајниот период од 01.01.2023 до 31.03.2023година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 580 сијалици, 550метри X00 A 2x16mm2(SKS) кабел, и 80 броја елементи за улично осветлување како што се(пригушници, осигурувачи, затеги, светлосни арматури, заштитни стакла, фотореле, изолир трака и сл.)

            Од поставените 580сијалици најголем број се ЛЕД сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици

 

 

ТИП НА СИЈАЛИЦА

БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ

ЛЕД сијалица

580

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

            Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше и за други технички потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување.Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остварени резултати за период од 01.01.2023год. до 31.03.2023год.

 
 

Ј П ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица

 

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ - МАРТ 2023 во денари

 

А

ВКУПНИ ПРИХОДИ

 

10,288,537 ден.

 

1

Приходи од редовна работа

4,183,315 ден.

 

 

1.1

Приходи од паркинг Гоце Делчев

741,499 ден.

 

 

1.2

Приходи од улично осветлување

1,558,815 ден.

 

 

1.3

Приходи од зонско паркирање

1,883,001 ден.

 

 

2

Останати приходи

6,105,222 ден.

 

 

Б

ВКУПНИ РАСХОДИ

 

7,893,713 ден.

 

а)

МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

898,244 ден.

 

1

Набавна вредност на репроматеријали

792,225 ден.

 

 

2

Потрошено гориво

57,730 ден.

 

 

3

Резервни делови за одржување на постојаните средства

0 ден.

 

 

4

Средства за одржување на хигиена

2,566 ден.

 

 

5

Канцелариски материјал

4,200 ден.

 

 

6

Потрошени останати суровини и материјали

8,127 ден.

 

 

7

Потрошен гас за греење

33,396 ден.

 

 

б)

НЕМАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

6,995,469 ден.

 

1

Регистрација на возила

16,608 ден.

 

 

2

Осигурување од дејности,моторни возила и повреда при работа

67,960 ден.

 

 

3

Трошоци за телефонски услуги и интернет

58,065 ден.

 

 

4

Поштарина

20,666 ден.

 

 

5

Услуги за одржување на постојаните средства

126,000 ден

 

 

6

Дневници за службени патувања на вработените

0 ден.

 

 

7

Надомест на У.О. и Н.О

49,447 ден.

 

 

8

Останати услуги

14,706 ден.

 

 

9

Останати нематеријални трошоци

6,596,204 ден.

 

 

9/1

 Kомунални трошоци

5,989,276 ден.

 

 

9/2

Одржување на софтвер за зонско паркирање

339,002 ден.

 

 

9/3

Комунална и останати такси

168,359 ден.

 

 

9/4

Други нематеријални трошоци

99,567 ден.

 

 

9/5

Трошоци за систематски прегледи на вработените

0 ден.

 

 

10

Репрезентаци

1,500 ден.

 

 

11

Надоместок за платниот промет

23,026 ден.

 

 

12

Парични казни и камати

21,287 ден.

 

 

13

Амортизација

0 ден.

 

 
         

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ-МАРТ 2023 во денари

 

в

БРУТО ПЛАТИ

 

2,714,042 ден.

 

1

НЕТО ПЛАТИ

1,825,437 ден.

 

 

2

ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ

759,933 ден.

 

 

3

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ОД ПЛАТИ

128,672 ден.

 

 

г

ДРУГИ ТРОШОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ

 

0 ден.

 

1

Помош во случај на смрт на член од потесно семејство

0 ден.

 

 

2

Отпремнина при заминување во пензија

0 ден.

 

 

3

Регрес за годишен одмор за 2021год.

0 ден.

 

 

 

 

           

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ

резултати во Ј П“ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица

за период од 01.01.2023год. до 31.03.2023год.

 

За извештајниот период  Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 10.288.537,00 денари.

 

 

 

Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 10.607,755денари од кои:

 

1.Материјални трошоци во износ од 898.244,00 денари.

 

2.Нематеријални трошоци во износ од 6.995.469,00 денари.

 

3.Бруто плати за вработените во износ од 2.714.042,00 денари.

 

Односно,искажана е загуба во износ од 319.218,00 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                          Ј П" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-

                                                                                                             Струмица