1 година зонско паркирање
05.11.2015
Во присуство на Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, претседателот на советот на општина Струмица Јосиф Христов, советници, директори на јавни претпријатија, раководители, бизнисмени и корисници на паркинг услуги беше одбележана една година од зонското паркирање во град Струмица. Под наслов “Зонско паркирање – оправданост, придобивки и идни планови” беа презентирани резултатите од едногодишното работење и и следните чекори во работењето на претпријатието.
За една година функционирање во склоп на зонското паркирање во град Струмица преку смс и греб карти паркирале 124 476 корисници.
Во просек 10 373 паркинг сесии се реализирани месечно.
Просекот за црвена зона со вкупен број од 170 паркинг места е 6681 месечно односно 303.7 паркирања дневно, а во жолта зона на 514 паркинг места просекот е 3692 месечно односно 167.8 паркирања дневно.
Зона |
Бр. на паркинг места |
Сесии (месечно) |
Сесии на ден |
Просечно време на паркирање |
црвена зона |
170 |
6681 |
303,7 |
00:57:35 |
жолта зона |
514 |
3692 |
167,8 |
01:19:30 |
Просечното време на паркирање во црвена зона е 00:57:35 ч. додека во жолта зона е 01:19:30 ч. Корисниците на паркинг услугата најдолго паркираат во жолта зона – подзона S25 и тоа во просек 01:28:37 (улица Герас Цунев и Боро Џони и паркигот позади шумското претпријатие кај Летница), додека најкратко во црвена зона - подзона S12 (Бул. Маршал Тито) во времетраење од 00:56:21 ч.
Најмногу паркирања има во периодот на пладне помеѓу 12:00 и 13:00 часот
Кај паркинг сесиите овозможени преку мобилен телефон, така и кај грепките се издвојуваат два врвни периоди во годината – август и декември, кога корисните на паркинг услугите најмногу паркирале.
Придобивки за граѓаните
Придобивки за сообраќајот во градот