Шест месечен извештај
12.08.2019
|
Јавно претпријатие "Паркиралишта Струмица" Струмица
ул: Боро Џони бр. 10 Струмица 2400 ) 034/343-787 e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com |
ИЗВЕШТАЈ
За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период
од 01.01.2019 до 30.06.2019 година
Струмица, 2019
Општи информации
Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.
Седиштето на претпријатието е на улица „Боро Џони“ бр. 10 во Струмица.
Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност
Организациска поставеност на претпријатието
Органи на претпријатието се:
Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.
Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.
Средствата за вршење на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличнното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.
Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -
Струмица е составено од четири одделенија:
Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица
Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.
Јавни паркиралишта
Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.
Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 69.090 корисници и тоа 56.190 преку смс и 12.900 преку греб карти на расположливи 980 паркинг места односно истите искористиле 129.142 паркинг сесија по час (паркинг часови),
Месец |
Јануари |
Февруари |
Март |
Април |
Мај |
Јуни |
Вкупно зa период 01.01.2019-30.06.2019 |
|||||||
Зона |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
S1X |
S2X |
Број на СМС пораки |
6.481 |
10.190 |
6.463 |
11.151 |
7.841 |
13.373 |
7.880 |
13.013 |
8.090 |
13.601 |
6.686 |
11.473 |
43.441 |
72.801 |
Број на Греб карти |
1.000 |
100 |
1.300 |
700 |
1.600 |
1.100 |
1.800 |
1.000 |
2.100 |
700 |
1.000 |
500 |
8.800 |
4.100 |
Вк.паркирања по зони S1X/S2X |
7.481 |
10.290 |
7.763 |
11.851 |
9.441 |
14.473 |
9.680 |
14.013 |
10.190 |
14.301 |
7.686 |
11.973 |
52.241 |
76.901 |
Вк. остварени паркирања |
17.771 |
19.614 |
23.914 |
23.693 |
24.491 |
19.659 |
129.142 |
Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2019 30.06.2019 год.
Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2019 година се издадени 466 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :
За месец февруари 2019 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 483 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
За месец март 2019 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛШИТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 489 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
За месец април 2019 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛШИТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 501 дозвола за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
За месец мај 2019 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛШИТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 497 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
За месец јуни 2019 година, од страна на Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛШИТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 486 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :
Пајак служба
Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање во пајак службата поставиле блокатори на тркала и тоа :
Во месец јануари поставиле 174 блокатори, во месец февруари поставиле 255 блокатори, во месец март поставиле 252 блокатори, во месец април поставиле 206 блокатори, во месец мај поставиле 156 блокатори и во месец јуни поставиле 166 блокатори.
Вкупниот број на лице место наплатени блокатори за извештајниот период е 1209.
Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
За месец јануари 2019 година по повик на Полицијата биле поставени блокатори на тркало и наплатени на лице место за прекрошок на 1 моторно возило, за месец февруари 2019 година биле поставени и на лице место наплатени 24 блокатори за месец март 2019 година биле поставени и на лице место наплатени 9 блокатори , за месец април биле поставени 11 блокатори за месец мај биле поставени 6 блокатори и за месец јуни по биле 7 блокатори. Вкупно за извештајниот период со соработка на Полицијата биле поставени и наплатени на лице место 58 блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.
За извештајниот период од 01.01.2019 до 30.06.2019 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.
Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.
Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за обележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, поконкретно за месец мај 2019 година се изврши обележување на 2.415,50 м2 и 24 специјални ознаки како ( стоп линии, ознаки SKOLO и STOP и стрелки за задолжителен правец) и во месец јуни 2019 година се изврши обележување на 552,00 м2 и 13 специјални ознаки како ( стоп линии, ознаки SKOLO и STOP и стрелки за задолжителен правец).
Одделение за јавно осветлување
Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица подразбира обновување и замена на прегорени светилики и елементи за нивно нормално функционирање, како и дополнување на мрежата на јавно осветлување на делови во градот и населени места, каде постои мерење а се работи за незначително проширување на мрежата и опфакање на поедини делови од улици каде нема јавно осветлување.
Замената на светилки и опремата за нормално функционирање на јавното осветлување (тековно одржување), се врши континуирано секојдневно врз основа на сопствена иницијатива, како и по барања и пријави на граѓани.
Претпријатието работи во склад со постоечкиот и важечки Статут. По наведениот Статут и важечкиот правилник за систематизација на работни места, одделението за јавно осветлување го сочинуваат:
Квалификациона структура во одделение за јавно осветлување:
Ниво квалификација VII 1 ………………………………….. 1 извршител
Ниво квалификација III ……………………………………....3 извршители
ВКУПНО: 4 извршители
Сите 4 извршители се вработени на неопределено време.
Оперативната екипа во одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е опремена со лични и групни алати како и уреди кои се неопходни за извршување на работните задачи како што се: електричарски алати, електропневматска машина, сигурносни појаси, заштитни ракавици, рачни алатки за ископ и сл..
Одделението за јавно осветлување поседува специјално возило(платформа) марка Nissan Cabstar со хидрауличен систем на платформата марка Multitel кое возило е неопходно за извршување на работните задачи при одржување на јавното осветлување
3.1 Тековно одржување на јавното осветлување
Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 4500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.
Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:
Во периодот јануари-март односно во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 643 технички интервенции од кои 532 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 111 интервенции се извршени во населените места.
Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2019 до 30.06.2019:
ЈАНУАРИ |
ФЕВРУАРИ |
МАРТ |
|||
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Банско |
2 |
Куклиш |
1 |
Вељуса |
1 |
Вељуса |
2 |
Добрејци |
1 |
Дабиле |
1 |
Куклиш |
3 |
Сачево |
1 |
Град.Балдовци |
1 |
Костурино |
1 |
Банско |
1 |
Костурино |
1 |
Попчево |
1 |
Дабиле |
1 |
Куклиш |
1 |
Град.Балдовци |
2 |
Рич |
1 |
Муртино |
1 |
Просениково |
1 |
Раборци |
1 |
Просениково |
1 |
Баница |
2 |
Баница |
1 |
Баница |
1 |
Габрово |
1 |
Свидовица |
1 |
Габрово |
1 |
Муртино |
1 |
Муртино |
1 |
Струмица |
91 |
Сачево |
2 |
Белотино |
1 |
/ |
/ |
Дабиле |
2 |
Град.Балдовци |
1 |
/ |
/ |
Струмица |
88 |
Струмица |
95 |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
ВКУПНО |
108 |
ВКУПНО |
107 |
ВКУПНО |
100 |
АПРИЛ |
МАЈ |
ЈУНИ |
|||
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Нас.место |
Број на интервенции |
Банско |
4 |
Баница |
2 |
Банско |
2 |
Белотино |
1 |
Банско |
2 |
Баница |
2 |
Вељуса |
4 |
Вељуса |
2 |
Габрово |
2 |
Габрово |
3 |
Водоча |
1 |
Дабиле |
1 |
Град.Балдовци |
1 |
Дабиле |
3 |
Добрејци |
1 |
Дабиле |
3 |
Добрејци |
3 |
Муртино |
1 |
Добрејци |
3 |
Куклиш |
4 |
Попчево |
1 |
Костурино |
2 |
Муртино |
2 |
Просениково |
1 |
Куклиш |
2 |
Попчево |
2 |
Сачево |
1 |
Муртино |
2 |
Просениково |
2 |
Град.Балдовци |
2 |
Просениково |
1 |
Раборци |
1 |
Струмица |
101 |
Раборци |
1 |
Сачево |
3 |
/ |
/ |
Рич |
1 |
Свидовица |
1 |
/ |
/ |
Струмица |
72 |
Струмица |
85 |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
/ |
ВКУПНО |
100 |
ВКУПНО |
113 |
ВКУПНО |
115 |
Во извештајниот период од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 690 сијалици, 1000 метри X00 A 2x16mm2(SKS) кабел, и 709 броја елементи за улично осветлување како што се(пригушници, осигурувачи, затеги, светлосни арматури, заштитни стакла, фотореле, изолир трака и сл.)
Од поставените 690 сијалици најголем број се ЛЕД сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици
ТИП НА СИЈАЛИЦА |
БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ |
ЛЕД сијалица |
670 |
Металхалогена |
20 |
ВКУПНО |
690 |
Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше за техничките потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување. Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ
резултати во Ј П“ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица
за период од 01.01.2019год. до 30.06.2019год.
За извештајниот период Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 12.800.868,00 денари.
Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 12.428.904,00денари од кои:
1.Материјални трошоци во износ од 1.629.990,00 денари.
2.Нематеријални трошоци во износ од 5.118.718,00 денари.
3.Бруто плати за вработените во износ од 5.680.196,00 денари.
Односно,искажана е добивка во износ од 371.964,00 денари.
Ј П" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-
Струмица