EN MK

Тромесечен извештај од 01.01.2019 до 31.03.2019


17.05.2019

 

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" Струмица

 

ул: Боро Џони бр. 10

Струмица 2400

) 034/343-787   e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период

 од 01.01.2019 до 31.03.2019 година

 

 

 

 

 

 

                                                                          

Струмица, 2019

 

 

 

 

 

 

 

 

Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

 

      Седиштето на претпријатието е на улица „Боро Џони“ бр. 10 во Струмица.

 

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;

 

  1. Закон за Локална самоуправа;

 

  1. Закон за Безбедност во сообраќајот;

 

  1. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;

 

  1. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица

 

  1. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица

 

  1. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица

 

  1. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност

 

                                                                                                                                                                                  

Организациска поставеност на претпријатието     

 

 Органи на претпријатието се:

 

  •    Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;

 

  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 5 члена избрани од основачот на претпријатието и

 

  • Директор.

 

      

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

 

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

 

      Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени  и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличнното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

                                                                                                                   

      Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -

Струмица е составено од четири одделенија:

 

  • Одделение за паркиралишта;
  • Одделение пајак;
  • Одделение за администрација;
  • Одделение јавно осветлување

 

 

 

 

 

                  

 

 

Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 Јавни паркиралишта                                                                   

 

Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

 

 

 

 

    Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 33.093 корисници и тоа 27.293 преку смс и 5.800 преку греб карти  на расположливи 980 паркинг места односно истите искористиле 61.299  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

месец

Јануари

Февруари

Март

Вкупно за период  01.01.2019 – 31.03.2019

Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС пораки

6.481

10.190

6.463

11.151

7.841

13.373

20.785

 

34.714

 

Број на Греб карти

1.000

100

1.300

700

1.600

1.100

3.900

 

1.900

Вк. паркирања по зони S1X/S2X

7.481

10.290

7.763

11.851

9.441

14.473

24.685

36.614

 

Вк. остварени паркирања

17.771

19.614

23.914

                61.299          

       Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 год.

 

 

 

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2019 година се издадени 466 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 328 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 35 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 79 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект и
  • 20 дозволи за привремена адреса на живеење.

 

 

 

За месец февруари 2019 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 483 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 324 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 37 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 87 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 6 дозволи за правен субјект
  • 22 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 3 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 1 месечна дозвола во зона S27.

 

За месец март 2019 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 489 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 328 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 38 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 83 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 26 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона  и
  • 4 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 2 месечни дозволи за жолта зона.

 

 

 

 

 

 

Пајак служба                                                                    

 

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање, вработените во пајак службата поставиле блокатори на тркала и тоа :

во јануари поставиле 174 блокатори, во февруари поставиле 255 блокатори и за месец март поставиле 252 блокатори  и за извештајниот период е 681блокатор.

 

Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Така за месец јануари 2019 година по повик на Полицијата биле поставени блокатори на тркало и наплатени на лице место за прекрошок на 1 моторно возило, за месец февруари 2019 година Полицијата повикала пајак служба и биле поставени и на лице место наплатени 24 блокатори за сторен прекрошок при паркирање и за месец март 2019 година во соработка со Полицијата, биле поставени и на лице место наплатени 9 блокатори за тркало. Вкупно за извештајниот период со соработка на Полицијата биле поставени и наплатени на лице место 34 блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.

За извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.

 

 

 

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за одбележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, за извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019 нема извршено  одбележување на површина.

 

 

 

 

   

 

 

 

 

 

Одделение за јавно осветлување

                

                                                                                 

 

 

 

Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица подразбира обновување и замена на прегорени светилики и елементи за нивно нормално функционирање, како и дополнување на мрежата на јавно осветлување на делови во градот и населени места, каде постои мерење а се работи за незначително проширување на мрежата и опфакање на поедини делови од улици каде нема јавно осветлување.

Замената на светилки и опремата за нормално функционирање на јавното осветлување (тековно одржување), се врши континуирано секојдневно врз основа на сопствена иницијатива, како и по барања и пријави на граѓани.        

 

           

  1. Организација и кадровска структура

Претпријатието работи во склад со постоечкиот и важечки Статут. По наведениот Статут и важечкиот правилник за систематизација на работни места, одделението за јавно осветлување го сочинуваат:

  • стручна екипа за техничко-оперативни зафати

Квалификациона структура во одделение за јавно осветлување:

Ниво квалификација VII 1 ………………………………….. 1 извршител

Ниво квалификација III ……………………………………....3 извршители

                                                                                    ВКУПНО: 4 извршители

Сите 4 извршители се вработени на неопределено време.

 

 

  1. Материјално-техничка опременост

Оперативната екипа во одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е опремена со лични и групни алати како и уреди кои се неопходни за извршување на работните задачи како што се: електричарски алати, електропневматска машина, сигурносни појаси, заштитни ракавици, рачни алатки за ископ и сл..

 

Одделението за јавно осветлување поседува специјално возило(платформа) марка Nissan Cabstar со хидрауличен систем на платформата марка Multitel кое возило е неопходно за извршување на работните задачи при одржување на јавното осветлување

 

 

 

 

  1. Тековно одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација

 

3.1 Тековно одржување на јавното осветлување

 

            Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 4500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.

Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:

 

  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти како и нивно отстранување по трафо реони
  • пријава од страна на граѓани преку сервисот на Систем 48
  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти и нивно отстранување по основ на пријава на надлежните органи (Комунална инспекција)
  • обиколка на места со незгоди(вандализам, сообраќајка, временски неприлики и сл.)

 

            Во периодот јануари-март односно во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 315 технички интервенции од кои 274 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 41 интервенции се извршени во населените места.

            Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019:

 

 

 

 

 

 

 

ЈАНУАРИ

ФЕВРУАРИ

МАРТ

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Банско

2

Куклиш

1

Вељуса

1

Вељуса

2

Добрејци

1

Дабиле

1

Куклиш

3

Сачево

1

Град.Балдовци

1

Костурино

1

Банско

1

Костурино

1

Попчево

1

Дабиле

1

Куклиш

1

Град.Балдовци

2

Рич

1

Муртино

1

Просениково

1

Раборци

1

Просениково

1

Баница

2

Баница

1

Баница

1

Габрово

1

Свидовица

1

Габрово

1

Муртино

1

Муртино

1

Струмица

91

Сачево

2

Белотино

1

/

/

Дабиле

2

Град.Балдовци

1

/

/

Струмица

88

Струмица

95

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

ВКУПНО

108

ВКУПНО

107

ВКУПНО

100

 

           

 

 

            Во извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 530 сијалици, 450 метри X00 A 2x16mm2(SKS) кабел, и 408 броја елементи за улично осветлување како што се(пригушници, осигурувачи, затеги, светлосни арматури, заштитни стакла, фотореле, изолир трака и сл.)

            Од поставените 530 сијалици најголем број се ЛЕД сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици

 

 

ТИП НА СИЈАЛИЦА

БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ

ЛЕД сијалица

510

Металхалогена

20

ВКУПНО

530

 

 

 

           

 

 

 

 

 

           

 

 

 

 

Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше за техничките потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување. Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.

 

 

                                                                                                       

 

 

 

 

Остварени резултати за период од 01.01.2019год. до 31.03.2019год.

 
 

Ј П ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица

 
         

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ - МАРТ 2019 во денари

 

А

ВКУПНИ ПРИХОДИ

 

4,501,971 ден.

 

1

Приходи од редовна работа

4,445,098 ден.

 

 

1.1

Приходи од паркинг Гоце Делчев

785,034 ден.

 

 

1.2

Приходи од пајак служба

28,813 ден.

 

 

1.3

Приходи од улично осветлување

1,396,229 ден.

 

 

1.4

Приходи од зонско паркирање

2,235,022 ден.

 

 

2

Останати приходи

56,873 ден.

 

 

Б

ВКУПНИ РАСХОДИ

 

 

 

а)

МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

469,340 ден.

 

1

Набавна вредност на репроматеријали

356,506 ден.

 

 

2

Гориво

64,856 ден.

 

 

3

Канцелариски материјал

19,772 ден.

 

 

4

Потрошени останати  материјали

26,149 ден.

 

 

5

Потрошен материјал за чистење и одржување

2,057 ден.

 

 

б)

НЕМАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

894,573 ден.

 

1

Осигурување од дејности,моторни возила и повреда при работа

21,244 ден.

 

 

2

Трошоци за телефонски услуги и интернет

47,899 ден.

 

 

3

Поштарина

3,648 ден.

 

 

4

Дневници за службени патувања на вработените

1,200 ден.

 

 

5

Надомест на У.О. и Н.О

24,442 ден.

 

 

6

Останати услуги

22,992 ден.

 

 

7

Останати нематеријални трошоци

712,382 ден.

 

 

7/1

Наемнина и комунални трошоци

110,043 ден.

 

 

7/2

Одржување на софтвер за зонско паркирање

408,355 ден.

 

 

7/3

Комунална и останати такси

150,183 ден.

 

 

7/4

Други нематеријални трошоци

36,301 ден.

 

 

7/5

Трошоци за реклама

7,500 ден.

 

 

8

Репрезентаци

14,398 ден.

 

 

9

Надоместок за платниот промет

13,396 ден.

 

 

10

Парични казни и камати

32,972 ден.

 

 
         

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ-МАРТ 2019                           во денари

 

в

БРУТО ПЛАТИ

 

2,833,748 ден.

 

1

НЕТО ПЛАТИ

1,923,194 ден.

 

 

2

ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ

779,527 ден.

 

 

3

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ОД ПЛАТИ

131,027 ден.

 

 

 

.

 
 

 

 
 

 

 

   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ

резултати во Ј П“ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица

за период од 01.01.2019год. до 31.03.2019год.

 

За извештајниот период  Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 4.501.971,00 денари.

 

 

 

Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 4.197,661денари од кои:

 

1.Материјални трошоци во износ од 469.340,00 денари.

 

2.Нематеријални трошоци во износ од 894.573,00 денари.

 

3.Бруто плати за вработените во износ од 2.833.748,00 денари.

 

 

Односно,искажана е добивка во износ од 304.310,00 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                          Ј П" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-

                                                                                                             Струмица