EN MK

Оглас за вработување 2018


04.12.2018

Јавно претпријатие "Паркиралишта Струмица" - Струмица

ул. "Боро Џони" бр.10 2400  Струмица

тел./факс 034 343 787 e-mail: parkiralista_strumica@yahoo.com

 

       Врз основа на член 37-е и член 37-и од Законот за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр. 38/96,6/02,40/03,49/06,22/07,83/09,97/10,6/12,119/13,41/14,138/14, 25/15,61/15, 39/16 и 64/18 ), а во врска со член 20-г и 21 став 2 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. весник на РМ бр. 27/14,199/14,27/16 ,35/18 и 198/18) и Одлука за вработување на неопределено време во ЈП „Паркиралишта Струмица“ –Струмица со бр.04-833/1 од 03.12.2018 година, Директорот на ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ  2/2018

за вработување  на неопределено време на 1 (еден) давател на јавна  услуга од Група ΙΙΙ, подгрупа V во ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица за следното работно место:

 

1.КДР 0305Б02084 Поставувач на блокатори, Одделение за пајак служба, Сектор за јавни паркиралишта и пајак,

1 извршител.

        Општи услови:

        -да е државјанин на Република Македонија,

        -активно да го користи македонскиот јазик,

        -да е полнолетен,

        - да има општа здравствена способност за работното место и

        -со правосилна судска одлука да не им е иречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

      Посебни услови:

       - најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование,

         - најмалку две години работно искуство во струката и

         - Возачка дозвола за Б категорија.

 

Распоред на работно време:

       Работни денови понеделник-сабота.

       Работни часови неделно 40.

       Работно време е во смени.

       Паричен нето износ на плата: 15.302,00 денари.

 

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Турчин(ка) 1.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во хартиена форма.

Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавување на огласот. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци, пријавата можат да ја подигнат од архивата на претпријатието.

Пополнетите пријави заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица или по пошта на адреса: ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица, бул.Маршал Тито бб ( во зградата над Комерцијална банка 3-ти кат) Струмица.

Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

 

 Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

              -кратка биографија;

              - уверение за државјанство,

              -доказ за завршено образование;

              -доказ за работно искуство;

              - фотокопија од документ за идентификација;

              - Фотокопија од  возачка дозвола;

             -  доказ за  општа здравствена способност за работното место;

             - доказ дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапка за вработување.

 

 

 

                                                                                                                                                       ЈП ,,Паркиралишта Струмица”-Струмица

                                                                                                                                                                                Директор

                                                                                                                                                                          Митко Бујуклиев