EN MK

Тромесечен извештај од 01.01.2018 до 31.03.2018


01.05.2018

 

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" Струмица

 

ул: Боро Џони бр. 10

Струмица 2400

) 034/343-787   e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период

 од 01.01.2018 до 31.03.2018 година

 

 

 

 

 

 

                                                                          

Струмица, 2018

 

 

 

 

 

 

 

 

Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

 

      Седиштето на претпријатието е на улица „Боро Џони“ бр. 10 во Струмица.

 

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;

 

  1. Закон за Локална самоуправа;

 

  1. Закон за Безбедност во сообраќајот;

 

  1. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;

 

  1. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица

 

  1. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица

 

  1. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица

 

  1. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност

 

                                                                                                                                                                                  

Организациска поставеност на претпријатието     

 

 Органи на претпријатието се:

 

  •    Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;

 

  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 5 члена избрани од основачот на претпријатието и

 

  • Директор.

 

      

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

 

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

 

      Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени  и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличнното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

                                                                                                                   

      Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -

Струмица е составено од четири одделенија:

 

  • Одделение за паркиралишта;
  • Одделение пајак;
  • Одделение за администрација;
  • Одделение јавно осветлување

 

 

 

 

 

                  

 

 

Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 Јавни паркиралишта                                                                   

 

Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

 

 

 

 

Во период од 01.01.2018 до 31.03.2018 година, на затворениот паркинг простор под плоштад „Гоце Делчев“, кој располага со 82 паркинг места и работи 24 часа секој ден, недела и празници, се паркирале :

 

месец

Јануари

Февруари

Март

Број на остварени паркирања

12.466

9.770

12.075

вкупно

34.311

 

    Табела 1. Број на паркирања во паркинг просторот под плоштад Гоце Делчев

 

 

 

 

 

    Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 33.647 корисници и тоа 26.347 преку смс и 7.300 преку греб карти  на расположливи 980 паркинг места односно истите искористиле 64.867  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

месец

Јануари

Февруари

Март

Вкупно за период  01.01.2018 – 31.03.2018

Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС пораки

7.185

12.335

6.094

11530

7.198

13.225

20.477

 

37.090

 

Број на Греб карти

1.900

900

1.200

700

1.900

700

5.000

 

2.300

Вк. паркирања по зони S1X/S2X

9.085

13.235

7.294

12230

9.098

13.925

25.477

39.390

 

Вк. остварени паркирања

22.320

19.524

23.023

                64.867               

       Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 год.

 

 

 

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2018 година се издадени 442 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 316 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 30 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 72 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 18 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за годишна резервација во жолта зона и
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона.

 

 

 

За месец февруари 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 464 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 325 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 37 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 76 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 18 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 1 месечна дозвола во зона S27.

 

За месец март 2018 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 472 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 324 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 44 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 300 денари месечно
  • 76 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 4 дозволи за правен субјект
  • 20 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона  и
  • 3 дозволи за лица со хендикеп во движењето.

 

 

 

 

 

 

Пајак служба                                                                    

 

Во периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани,  вработените во пајак службата поставиле блокатори на тркала и на лице место наплатиле прекршок заради непрописно паркирање и тоа : јануари поставиле 260 блокатори, февруари 201 блокатор и за месец март поставиле 237 блокатори и наплатиле прекршок за непрописно паркирање на лице место. Вкупниот број на лице место наплатени блокатори за извештајниот период е 698.

 

Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Така за месец јануари 2018 година по повик на Полицијата биле поставени блокатори на тркало и наплатени на лице место за прекрошок на 66 моторни возила, за месец февруари Полицијата повикала пајак служба и биле поставени и на лице место наплатени 21 блокатори за сторен прекрошок при паркирање и за месец март 2018 година во соработка со Полицијата, биле поставени и на лице место наплатени 24 блокатори за тркало. Вкупно за извештајниот период со соработка на Полицијата биле поставени и наплатени на лице место 111 блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.

За извештајниот период од 01.01.2018 до 31.03.2018 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.

 

 

 

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за одбележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, за извештајниот период нема извршено  одбележување на површина.

 

 

 

Одделение за јавно осветлување

                

                                                                                 

 

 

 

Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица подразбира обновување и замена на прегорени светилики и елементи за нивно нормално функционирање, како и дополнување на мрежата на јавно осветлување на делови во градот и населени места, каде постои мерење а се работи за незначително проширување на мрежата и опфакање на поедини делови од улици каде нема јавно осветлување.

Замената на светилки и опремата за нормално функционирање на јавното осветлување (тековно одржување), се врши континуирано секојдневно врз основа на сопствена иницијатива, како и по барања и пријави на граѓани.        

 

           

  1. Организација и кадровска структура

Претпријатието работи во склад со постоечкиот и важечки Статут. По наведениот Статут и важечкиот правилник за систематизација на работни места, одделението за јавно осветлување го сочинуваат:

  • стручна екипа за техничко-оперативни зафати

Квалификациона структура во одделение за јавно осветлување:

Ниво квалификација VII 1 ………………………………….. 1 извршител

Ниво квалификација III ……………………………………....3 извршители

                                                                                    ВКУПНО: 4 извршители

Сите 4 извршители се вработени на неопределено време.

 

 

  1. Материјално-техничка опременост

Оперативната екипа во одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е опремена со лични и групни алати како и уреди кои се неопходни за извршување на работните задачи како што се: електричарски алати, електропневматска машина, сигурносни појаси, заштитни ракавици, рачни алатки за ископ и сл..

 

Одделението за јавно осветлување поседува специјално возило(платформа) марка Mercedes Sprinter 314 со хидрауличен систем на платформата марка SIMON CELLA кое возило е неопходно за извршување на работните задачи при одржување на јавното осветлување.

 

 

 

  1. Тековно одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација

 

3.1 Тековно одржување на јавното осветлување

 

            Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 4500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.

Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:

 

  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти како и нивно отстранување по трафо реони
  • пријава од страна на граѓани преку сервисот на Систем 48
  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти и нивно отстранување по основ на пријава на надлежните органи (Комунална инспекција)
  • обиколка на места со незгоди(вандализам, сообраќајка, временски неприлики и сл.)

 

            Во периодот јануари-март односно во периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 295 технички интервенции од кои 261 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 34 интервенции се извршени во населените места.

            Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2018 до 31.03.2018:

 

 

 

 

 

 

ЈАНУАРИ

ФЕВРУАРИ

МАРТ

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Банско

1

Куклиш

1

Вељуса

1

Вељуса

1

Добрејци

3

Добрејци

2

Куклиш

1

Сачево

1

Град.Балдовци

1

Костурино

1

Банско

2

Дабиле

2

Попчево

1

Дабиле

2

Куклиш

2

Град.Балдовци

1

Рич

1

Муртино

1

Просениково

1

Раборци

1

Просениково

1

Баница

1

Баница

1

Сачево

1

Габрово

1

Свидовица

1

Габрово

1

Муртино

1

Струмица

90

Струмица

106

Струмица

65

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

ВКУПНО

75

ВКУПНО

102

ВКУПНО

118

 

           

 

 

            Во извештајниот период од 01.01.2018 до 31.03.2018 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 786 сијалици, 675 метри X00 A 2x16mm2(SKS) кабел, 100 метри PP-Y 3x2,5mm2, 917 метри PP00 4x16mm2, 100 метри PP-J 3x1,5mm2, 200 метри PP-J 3x0,75mm2 и 363 броја елементи за улично осветлување како што се(пригушници, осигурувачи, затеги, светлосни арматури, заштитни стакла, фотореле, изолир трака и сл.)

            Од поставените 786 сијалици најголем број се економични(CFL) сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици.

 

 

ТИП НА СИЈАЛИЦА

БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ

Економична

702

Натриумова

29

Халогена ампула

4

ЛЕД св.арматура

51

ВКУПНО

786

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

           

 

 

 

 

 

Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше за техничките потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување. Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.

 

 

 

           

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                       Остварени резултати за период од 01.01.2018год. до 31.03.2018год.

 

 

 

 

 

         Ј П ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица

 

 

 

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ - МАРТ 2018 во денари

А

ВКУПНИ ПРИХОДИ

 

4,469,824 ден.

1

Приходи од редовна работа

4,454,826 ден.

 

1.1

Приходи од паркинг Гоце Делчев

881,404 ден.

 

1.2

Приходи од пајак служба

94,067 ден.

 

1.3

Приходи од улично осветлување

1,319,441 ден.

 

1.4

Приходи од зонско паркирање

2,159,914 ден.

 

2

Останати приходи

14,998 ден.

 

Б

ВКУПНИ РАСХОДИ

 

 

а)

МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

894,961 ден.

1

Набавна вредност на репроматеријали

741,720 ден.

 

2

Гориво

64,839 ден.

 

3

Резервни делови за одржување на постојаните средства

43,592 ден.

 

4

Канцелариски материјал

30,608 ден.

 

5

Потрошени останати суровини и материјали

14,202 ден.

 

б)

НЕМАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

999,311 ден.

1

Трошоци за телефонски услуги и интернет

51,968 ден.

 

2

Поштарина

1,882 ден.

 

3

Услуги за одржување на постојаните средства

        24,300 ден

 

4

Дневници за службени патувања на вработените

7,200 ден.

 

5

Надомест на У.О. и Н.О

33,333 ден.

 

6

Останати услуги

55,088 ден.

 

7

Останати нематеријални трошоци

731,250 ден.

 

7/1

Наемнина и комунални трошоци

110.507 ден.

 

7/2

Одржување на софтвер за зонско паркирање

388,134 ден.

 

7/3

Комунална и останати такси

155,211 ден.

 

7/4

Други нематеријални трошоци

81,761 ден.

 

7/5

Трошоци за реклама

7,500 ден.

 

8

Репрезентаци

55,899 ден.

 

9

Надоместок за платниот промет

10,902 ден.

 

10

Парични казни и камати

15,626 ден.

 

 

 

 

 

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ-МАРТ 2018 во денари

в

БРУТО ПЛАТИ

 

2,131,908 ден.

1

НЕТО ПЛАТИ

1,462,352 ден.

 

2

ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ

575,621 ден.

 

3

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ОД ПЛАТИ

93,935 ден.

 

 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                              ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ 

                       резултати во Ј П“ ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица

                                     за период од 01.01.2018 год. до 31.03.2018 год.

 

 

 

 

 

 

 

За извештајниот период  Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 4,469,824,00 денари.

 

 

 

Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 4.026.180,00 денари од кои:

 

1.Материјални трошоци во износ од 894,961,00 денари.

 

2.Нематеријални трошоци во износ од 999,311,00 денари.

 

3.Бруто плати за вработените во износ од 2,131,908,00 денари.

 

 

Односно,искажана е добивка во износ од 443.644,00 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                          Ј П" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-

                                                                                                             Струмица