Општина Медијана Ниш – во посета на Општина Струмица
16.08.2016
Во официјална посета на Општина Струмица минатиот викенд присуствуваа
претставници од општина Медијана, Ниш.
Заменик претседателот на Општина Медијана Срџан Петрович во присуство на
директорот на ЈКП “Паркинг Сервис Ниш” доц. д-р Марко Јанкович покрај работниот
дел, беа гости и на 5- то издание на Струмица Опен Фест. Изразувајќи го задоволството
од воспоставената соработка, тие се запознаа со работењето на локалната самоуправа
но и на Јавното претпријатие “Паркиралишта Струмица” и ја разгледаа можноста за
понатамошни активности во делокругот на заедничките интереси.