Часот на планетата земја
18.03.2016
ЈП “Паркиралишта Струмица”- Струмица (Одделение за јавно осветлување) како секоја година и оваа активно се вклучува во најголемата светска еколошка акција “Часот на планетата земја”. Затоа утре на 19 март ќе се одбележи оваа акција со тоа што во 20 часот и 30 минути па се до 21 часот и 30 минути по локално време ќе се исклучат светилките со што ќе се испрати силна порака за спас на планетета.