EN MK

Шестмесечен извештај за работа од 01.01.2026-30.06.2026


31.07.2026

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ИЗГРАДБА, ОДРЖУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" - Струмица

 

ИЗВЕШТАЈ

 

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица - Струмица за период

 од 01.01.2026 до 30.06.2026 година

 

 

 

 

 

 

 

Струмица, 2026

 

 

 

 

 

 

Содржина

 

  1. Општи информации.. 2

1.1.     Организациска поставеност на претпријатието. 3

1.2.     Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица. 4

  1. ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 ДО 30.06.2026. 6

3.За работата на одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица за период од 01.01.2026 до 30.06.2026. 14

3.1.ВОВЕД.. 15

3.2.Правен статус. 15

3.3. Дејност на претпријатието(одделение за јавно осветлување) 15

3.4. Организација и кадровска структура. 16

3.5. Материјално-техничка опременост. 16

3.6. Тековно одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација. 17

3.6.1. Тековно одржување на јавното осветлување. 17

  1. ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТЕИЕТО ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 до 30.06.2026 година. 21

4.1. Остварени резултати за период од 01.01.2026 – 30.06.2026 година. 22

4.2ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ.. 24

резултати во ЈП „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА" Струмица. 24

за период од 01.01.2026год. до 30.06.2026год. 24

 

 

 

 

 

 

1.   Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

      Седиштето на претпријатието е на улица „ул.24 Октомври“ бр.2 во Струмица.

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;
  2. Закон за Локална самоуправа;
  3. Закон за Безбедност во сообраќајот;
  4. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;
  5. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица
  6. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица
  7. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица
  8. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност.

 

 

                                                                                                                                                                                  

1.1.      Организациска поставеност на претпријатието    

 

 Органи на претпријатието се:

 

  • Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;
  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 3 члена избрани од основачот на претпријатието и
  • Директор.

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица е составено од два сектори и пет одделенија:

           

  • Сектор за административни работи и човечки ресурси
  • Одделение за административни работи;
  • Одделение за управување со човечки ресурси

 

  • Сектор за јавни паркиралишта и пајак служба
  • Одделение за јавни паркиралишта;
  • Одделение за пајак служба;

 

  • Одделение за јавно осветлување

               

 

 

 

1.2.      Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ИЗГРАДБА, ОДРЖУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ

 

ЈП „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА” – Струмица

СЕКТОР ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И ПАЈАК СЛУЖБА

Одделение за јавни паркиралишта и одделение за пајак служба

 

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 ДО 30.06.2026

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2.   ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 ДО 30.06.2026

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

    Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 96.522 корисници и тоа 95.872 преку смс и 650 преку греб карти  на расположливи околу 900 паркинг места односно истите искористиле 161.528  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

 

 

 

 

Месец

Јануари

   Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

Вкупно зa период 01.01.2026-30.06.2026

   Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС              пораки

8.312

16.182

8.499

17.864

8.854

17.847

9.807

 18.448

9.655

17.907

9.560

17.943

54.687

106.191

Број на Греб            карти

 

650

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

650

Вк.паркирања        по зони S1X/S2X

8.312

16.832

8.499

17.864

8.854

17.847

9.807

 18.448

9.655

17.907

9.560

17.943

54.687

106.841

Вк. остварени паркирања

25.144

26.363

26.701

28.255

27.562

27.503

161.528

 

       Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 год.

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 585 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 412 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 36 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 109 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 6 дозволи за правен субјект
  • 9 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во црвена зона
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за годишна резервација во црвена зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 6 дозволи за еко – возила.

 

За месец февруари 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 602 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 413 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 39 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 118 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 10 дозволи за правен субјект
  • 8 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во црвена зона
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 5 дозволи за еко – возила.

За месец март 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 621 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 416 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 40 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 126 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 7 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 2 дозволи за месечна резервација во црвена зона
  • 5 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за годишна резервација во црвена зона
  • 4 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 9 дозволи за еко-возила и
  • 4 дозволи за пожарникар.

 

 

За месец април 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 625 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 414 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 41 дозволa на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 130 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 8 дозволи за правен субјект
  • 10 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 3 дозволи за месечна резервација во црвена зона
  • 4 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозволa за годишна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 10 дозволи за еко-возила и
  • 2 дозволи за пожарникар.

 

За месец мај 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 626 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 414 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 42 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 133 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 9 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во црвена зона
  • 4 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за лица со хендикеп во движењето
  • 11 дозволи за еко-возила и
  • 2 дозвола за пожарникар.

 

За месец јуни 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 625 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 414 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 39 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 129 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 9 дозволи за правен субјект
  • 7 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 4 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за годишна резервација во црвена зона
  • 5 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 14 дозволи за еко-возила и
  • 1 месечна дозвола за зона S21.

 

Во периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани,  вработените во пајак службата и контролорите на паркирање имат издадено доплатни билети заради нерегулиран паркинг и тоа :

во јануари имат издадено 224 доплатни билети, во февруари имат издадено 224 доплатни билети и за месец март имат издадено 256 доплатни билети, за месец април имат издадено 245 доплатни билети, за месец мај имат издадено 228 доплатни билети и за месец јуни имат издадено 233 доплатни билети за нерегулиран паркинг на лице место. Вкупниот број на издадени доплатни билети за извештајниот период е 1.410.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за обележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, поконкретно во месец  Мај 2026 година се изврши обележување на 1544,00 м2 и 20 специјални ознаки како ( ознаки SKOLO и STOP и стрелки за задолжителен правец) и за месец Јуни 2026 година се изврши обележување на 766,00 м2.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈП ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица

(Одделение за јавно осветлување)

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица за период од 01.01.2026 до 30.06.2026