Одлика за цени зонско
31.07.2026
Врз основа на член 19 став 2 точка 7 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24, 193/25 и 96/26), врз основа на член 33 став 2 точка 10 од Статутот на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица со бр.01-720/1 од 18.08.2022 година, Управниот одбор на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица на седница одржана на ден 31.07.2026 година донесе:
О Д Л У К А
за утврдување на ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица
Член 1
Со оваа Одлука се утврдува ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица за паркирање на патнички моторни возила на јавните паркиралишта од значење за Општина Струмица со кои стопанисува ЈП Паркиралишта Струмица согласно Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр. 07-791/1 од 31.01.2014 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-5020/1 од 15.06.2015 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-6585/1 од 31.08.2015 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-9811/1 од 30.12.2015 година, Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-2513/1 од 29.04.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-1548/1 од 24.02.2023 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-6933/1 од 24.08.2023 година и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со бр.08-5540/1 од 10.07.2026 година донесени од Советот на општина Струмица.
Член 2
Цената на услугата за паркирање на патнички моторни возила на јавните паркиралишта што се наоѓаат на самите магистрални и собирни улици (коловоз, тротоар, заштитен појас) како и улиците што гравитираат кон нив или надвор од површините опфатени со тие улици, утврдени и дефинирани со посебни проекти одобрени од Совет на Општина Струмица, (зонско паркирање), согласно член 2, член 3, член 4, член 5 и член 5-а од Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица, а кои ги стопанисува ЈП Паркиралишта Струмица, по зони и во град Струмица изнесува:
|
УСЛУГА |
Зона А |
Зона Б |
Зона Ц |
Зона Д |
|
Паркирање (Денари/Час) |
50 |
30 |
|
50 |
|
Месечна претплата за физички и правни лица |
4.600 |
3.100 |
|
4.600 |
|
Годишна претплата за физички и правни лица |
36.000 |
24.000 |
|
36.000 |
|
Месечна претплата за резервирано паркинг место за физички и правни лица |
6.000 |
4.500 |
|
6.000 |
|
Годишна претплата за резервирано паркинг место за физички и правни лица |
60.000 |
45.000 |
|
60.000 |
|
Месечна претплата за повластено паркирање на станари(жители на о.Струмица) за прво/второ возило |
0/600 |
|
/ |
|
|
Месечна претплата за повластено паркирање на станари(жители на о.Струмица) за прво/второ возило со странска регистерска табла |
600/1.000 |
|
/ |
|
|
Месечна претплата за повластено паркирање на правни субјекти за прво/второ/трето возило |
1.400/2.600/3.800 |
|
/ |
|
|
Месечна претплата за користење на сите површини во зона А и зона Б наменети за паркирање |
5.200 |
|
/ |
|
|
Годишна претплата за користење на сите површини во зона А и зона Б наменети за паркирање |
49.500 |
|
/ |
|
|
Месечна претплата за вработен кај правен субјект кој со своето седиште гравитира на јавната површина наменета за паркирање |
800 |
|
/ |
|
|
Доплатна карта за пречекорување на дозволеното време за паркирање/нерегулирано паркирање |
1.500 |
|
/ |
|
|
Доплатна карта за паркирање на место за лица со посебни потреби |
4.000 |
|
/ |
|
Член 3
Целосно се ослободуваат од плаќање на услугите за користење на јавните паркиралишта, лицата со инвалидитет со признато оштетување со дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална паразилза, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, глувите лица со оштетување на слухот над 90 %, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од над 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Дозволата за користење на јавните паркиралишта кои ги одржува и користи ЈП Паркиралишта Струмица на лицата од став 1 на овој член, им се издава бесплатно.
Паркинг-местата наменети за паркирање на лицата со инвлаидитет се посебно означени со хоризонтална и вертикална сигнализација.
Член 4
Оваа Одлука да се достави до Советот на Општина Струмица за давање согласност.
Член 5
Оваа Одлука влегува во сила по добивањето согласност од страна на Советот на Општина Струмица, а ќе отпочне да се применува од 1 септември 2026 година.
Член 6
Со стапување во сила на оваа Одлука престанува да важи Одлуката за утврдување на ценовникот на услугите на ЈП Паркиралишта Струмица со бр.02-877/5 од 13.08.2024 година.
Со датумот наведен во член 5 од оваа Одлука, престанува да важи Одлуката за утврдување на висината на цените за услугата паркирање во подземниот паркинг на плоштад ,,Гоце Делчев” со бр.02-877/6 од 13.08.2024 година.
Претседател на Управниот одбор на
ЈП Паркиралишта Струмица
Васко Василев