EN MK

ТРИМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 01.01.2026 до 31.03.2026 год


08.05.2026

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ИЗГРАДБА, ОДРЖУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" - Струмица

 

ИЗВЕШТАЈ

 

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица - Струмица за период

 од 01.01.2026 до 31.03.2026 година

 

 

 

 

 

 

 

Струмица, 2026

 

 

 

 

 

 

Содржина

 

  1. Општи информации. 3

1.1.     Организациска поставеност на претпријатието. 4

1.2.     Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица. 5

  1. ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ПАЈАК СЛУЖБА ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 ДО 31.03.2026. 7
  2. ВОВЕД.. 13

3.1.Правен статус. 13

3.2. Дејност на претпријатието(одделение за јавно осветлување) 13

3.3. Организација и кадровска структура. 14

3.4. Материјално-техничка опременост. 14

3.5. Тековно одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација. 15

3.5.1. Тековно одржување на јавното осветлување. 15

  1. ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТЕИЕТО ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 до 31.03.2026 година. 19

4.1. Остварени резултати за период од 01.01.2026 – 31.03.2026 година. 20

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ.. 22

резултати во ЈП „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА" – Струмица. 22

за период од 01.01.2026год. до 31.03.2026год. 22

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1.   Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

      Седиштето на претпријатието е на улица „ул.24 Октомври“ бр.2 во Струмица.

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;
  2. Закон за Локална самоуправа;
  3. Закон за Безбедност во сообраќајот;
  4. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;
  5. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица
  6. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица
  7. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица
  8. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност.

 

 

                                                                                                                                                                                 

1.1.      Организациска поставеност на претпријатието    

 

 Органи на претпријатието се:

 

  • Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;
  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 3 члена избрани од основачот на претпријатието и
  • Директор.

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица е составено од два сектори и пет одделенија:

           

  • Сектор за административни работи и човечки ресурси
  • Одделение за административни работи;
  • Одделение за управување со човечки ресурси

 

  • Сектор за јавни паркиралишта и пајак служба
  • Одделение за јавни паркиралишта;
  • Одделение за пајак служба;

 

  • Одделение за јавно осветлување

               

 

 

 

1.2.      Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ИЗГРАДБА, ОДРЖУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПАРКИНГ ПРОСТОРИ

 

ЈП „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА” – Струмица

СЕКТОР ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И ПАЈАК СЛУЖБА

Одделение за јавни паркиралишта и одделение за пајак служба

 

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ПАЈАК СЛУЖБА ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 ДО 31.03.2026

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2.   ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА И ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ПАЈАК СЛУЖБА ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 ДО 31.03.2026

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

    Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 47.037 корисници и тоа 46.387 преку смс и 650 преку греб карти на расположливи околу 900 паркинг места односно истите искористиле 78.208  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

 

 

месец

Јануари

Февруари

Март

Вкупно за период  01.01.2026 – 31.03.2026

Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС пораки

8.312

16.182

8.499

17.864

8.854

17.847

25.665

 

51.893

 

Број на Греб карти

 

650

 

 

 

 

 

 

650

Вк. паркирања по зони S1X/S2X

8.312

16.832

8.499

17.864

8.854

17.847

25.665

52.543

 

Вк. остварени паркирања

25.144

26.363

26.701

         78.208    

       Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 год.

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 585 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 412 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 36 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 109 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 6 дозволи за правен субјект
  • 9 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во црвена зона
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за годишна резервација во црвена зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 6 дозволи за еко – возила.

 

За месец февруари 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 602 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 413 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 39 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 118 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 10 дозволи за правен субјект
  • 8 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 1 дозвола за месечна резервација во црвена зона
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 5 дозволи за еко – возила.

 

За месец март 2026 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 621 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 416 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 40 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 126 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 7 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 2 дозволи за месечна резервација во црвена зона
  • 5 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за годишна резервација во црвена зона
  • 4 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 9 дозволи за еко-возила и
  • 4 дозволи за пожарникар.

 

 

 

Во периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани,  вработените во пајак службата и контролорите на паркирање имат издадено доплатни билети заради нерегулиран паркинг и тоа :

во јануари имат издадено 224 доплатни билети, во февруари имат издадено 224 доплатни билети и за месец март имат издадено 256 доплатни билети за нерегулиран паркинг на лице место. Вкупниот број на издадени доплатни билети за извештајниот период е 704.

 

 

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за одбележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, за извештајниот период од 01.01.2026 до 31.03.2026 нема извршено  одбележување на површина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈП ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА-Струмица

(Одделение за јавно осветлување)

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица за период од 01.01.2026 до 31.03.2026

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3. ВОВЕД

3.1.Правен статус

 

            Општина Струмица е основач и сопственик на јавното претпријатие ЈП Паркиралишта Струмица - Струмица и ги има сите права и обврски кои произлегуваат од Законот и другите прописи.

            Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори се основа заради вршење на дејност од јавен карактер.

            Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори “Паркиралишта Струмица”- Струмица е основано со Одлука на Совет на Општина Струмица бр.07-436/1 од 31.01.2008 година, а запишано е во Централниот регистар на Република Македонија.

 

3.2. Дејност на претпријатието (одделение за јавно осветлување)

 

            Претпријатието е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на сообраќајот, јавно осветлување, погребни и комунални дејности како стопанска дејност од јавен интерес за општина Струмица. Како една од дејностите на Претпријатието е:

 

- 43.21 Електроинсталатерски работи

- улично осветлување и електрични сигнали

 

Заради остварување на својата претежна дејност Претпријатието ги врши следните активности:

  • Поставување и одржување на јавно осветлување, под што се подразбира изградба и одржување на јавното осветлување

Претпријатието дејноста од јавен интерес ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна, во согласност со Законот, овој Статут и другите прописи со кои се уредуваат условите и начинот на вршење на дејноста од јавен карактер.

 

3.3. Организација и кадровска структура

 

Претпријатието работи во склад со постоечкиот и важечки Статут. По наведениот Статут и важечкиот правилник за систематизација на работни места, одделението за јавно осветлување го сочинуваат:

 

  • стручна екипа за техничко-оперативни зафати

Квалификациона структура во одделение за јавно осветлување:

Ниво квалификација VII 1 ………………………………….. 1 извршител

Ниво квалификација III ……………………………………....2 извршители

                                                                                    ВКУПНО: 3 извршители

Сите 3 извршители се вработени на неопределено време.

 

3.4. Материјално-техничка опременост

          Оперативната екипа во одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица е опремена со лични и групни алати како и уреди кои се неопходни за извршување на работните задачи како што се: електричарски алати, електропневматска машина, сигурносни појаси, заштитни ракавици, рачни алатки за ископ и сл..

Одделението за јавно осветлување поседува специјално возило(платформа) марка Nissan Cabstarсо хидрауличен систем на платформата марка Multitel кое возило е неопходно за извршување на работните задачи при одржување на јавното осветлување

 

 

 

 

 

 

 

 

3.5. Тековно одржување на јавното осветлување и светлосната сигнализација

 

3.5.1. Тековно одржување на јавното осветлување

 

            Одржувањето на јавното осветлување на територијата на општина Струмица опфаќа околу 5500 расветни тела. Нивото на осветленост на поединечни сообраќајници, плоштади, шеталишта, паркови, урбана средина, рурална средина и покрај значителното подобрување во последните години, може и да се модернизира, се со цел да се подобрат светлотехничките карактеристики заради зголемување на безбедноста на мешовитиот сообраќај.

Таковното одржување на јавното осветлувањесе состои од следното:

 

  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти како и нивно отстранување по трафо реони
  • пријава од страна на граѓани преку сервисот на Систем 48
  • обиколка на објектите на јавното осветлување, регистрирање на дефекти и нивно отстранување по основ на пријава на надлежните органи (Комунална инспекција)
  • обиколка на места со незгоди (вандализам, сообраќајка, временски неприлики и сл.)

 

            Во периодот јануари-март односно во периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026, одделението за јавно осветлување при ЈП Паркиралишта Струмица-Струмица оствари вкупно 161 технички интервенции од кои 128 интервенции се извршени во градот Струмица, додека 33 интервенции се извршени во населените места.

            Во прилог се дадени интервенциите низ населените места во Општина Струмица за извештајниот период од 01.01.2026 до 31.03.2026:

 

 

 

 

 

 

 

ЈАНУАРИ

ФЕВРУАРИ

МАРТ

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Нас.место

Број на интервенции

Просениково

1

Просениково

3

Куклиш

2

Г.Балдовци

1

Дабиле

2

Водоча

1

Добрејци

1

Добрејци

2

Добрејци

2

Попчево

1

Муртино

2

Банско

1

Муртино

2

Габрово

1

Костурино

1

Дабиле

1

Банско

1

Г.Балдовци

1

Струмица

15

Попчево

1

Рич

1

/

/

Костурино

1

Баница

1

/

/

Вељуса

1

Струмица

52

/

/

Водоча

1

/

/

/

/

Г.Балдовци

1

/

/

/

/

Струмица

61

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

/

ВКУПНО

22

ВКУПНО

77

ВКУПНО

62

 

           

 

 

            Во извештајниот период од 01.01.2026 до 31.03.2026 година, постапувајќи по барањата за сервисирање на јавното осветлување, одделението за јавно осветлување постави вкупно 568 сијалици.Од поставените 568 сијалици сите се ЛЕД сијалици. Во прилог се дадени и бројчано користениот тип на сијалици

 

 

ТИП НА СИЈАЛИЦА

БРОЈ НА ПОСТАВЕНИ СИЈАЛИЦИ

ЛЕД сијалица

568

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

            Специјалното возило (платформа) кое служи за извршување на техничките интервенции на одделението за јавно осветлување во повеќе наврати се користеше и за други технички потреби за Струмичкиот карневал, за приклучување и проширување на уличното осветлување.Одделението за јавно осветлување ќе настојува и во наредниот период да го задржи и зголеми нивото на квалитетно одржување заради зголемување на безбедноста на граѓаните. Покрај тоа ќе тежи да се пружаат и други услуги заради потребен квалитет и растеретување на непотребни финансиски трошоци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЈП ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА - Струмица

 

 

 

 

 

 

 

 

4. ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТЕИЕТО ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2026 до 31.03.2026 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4.1. Остварени резултати за период од 01.01.2026 – 31.03.2026 година.

ЈП „ПАРКИРАЛИШТА“ – Струмица

 

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ - МАРТ 2026 во денари

 

А

ВКУПНИ ПРИХОДИ

 

13,234,347 ден.

 

1

Приходи од редовна работа

6,262,058 ден.

 

 

1.1

Приходи од паркинг Гоце Делчев

1,012,046 ден.

 

 

1.2

Приходи од улично осветлување

1,412,827 ден.

 

 

1.3

Приходи од зонско паркирање

3,837,185 ден.

 

 

2

Останати приходи

6,972,289 ден.

 

 

Б

ВКУПНИ РАСХОДИ

 

8,807,990 ден.

 

а)

МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

515,821 ден.

 

1

Набавна вредност на репроматеријали

356,258 ден.

 

 

2

Потрошено гориво

29,776 ден.

 

 

3

Резервни делови за одржување на постојаните средства

101,138 ден.

 

 

4

Средства за одржување на хигиена

3,819 ден.

 

 

5

Канцелариски материјал

3,575 ден.

 

 

6

Потрошени останати суровини и материјали

0 ден.

 

 

7

Потрошен гас за греење

21,255 ден.

 

 

б)

НЕМАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

 

8,292,169 ден.

 

1

Регистрација на возила

20,119 ден.

 

 

2

Осигурување од дејности,моторни возила и повреда при работа

21,626 ден.

 

 

3

Трошоци за телефонски услуги и интернет

67,237 ден.

 

 

4

Поштарина

38,390 ден.

 

 

5

Услуги за одржување на постојаните средства

24,750 ден

 

 

6

Дневници за службени патувања на вработените

0 ден.

 

 

7

Надомест на У.О. и Н.О

14,444 ден.

 

 

8

Останати услуги

3,015,422 ден.

 

 

9

Останати нематеријални трошоци

5,062,178 ден.

 

 

9/1

 Kомунални трошоци

3,728,112 ден.

 

 

9/2

Одржување на софтвер за зонско паркирање

697,447 ден.

 

 

9/3

Комунална и останати такси

341,081 ден.

 

 

9/4

Други нематеријални трошоци

295,538 ден.

 

 

9/5

Трошоци за систематски прегледи на вработените

0 ден.

 

 

10

Репрезентаци

0 ден.

 

 

11

Надоместок за платниот промет

17,106 ден.

 

 

12

Парични казни и камати

10,897 ден.

 

 

13

Амортизација

0 ден.

 

 

 

 

 

 

 

Р.бр

ОПИС

ЈАНУАРИ-МАРТ 2026 во денари

 

в

БРУТО ПЛАТИ

 

4,273,345 ден.

 

1

НЕТО ПЛАТИ

2,854,389 ден.

 

 

2

ПРИДОНЕСИ ОД ПЛАТИ

1,196,538 ден.

 

 

3

ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК ОД ПЛАТИ

222,418 ден.

 

 

г

ДРУГИ ТРОШОЦИ НА ВРАБОТЕНИТЕ

 

0 ден.

 

1

Јубилејни награди

0 ден.

 

 

 

 

 

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИТЕ

резултати во ЈП „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА" – Струмица

за период од 01.01.2026год. до 31.03.2026год.

 

За извештајниот период  Ј П “ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-Струмица има остварено приходи во износ од 13.234.347,00 денари.

 

 

 

Во истиот извештаен период се направени вкупни трошоци од 13.081,335денари од кои:

 

1.Материјални трошоци во износ од 515.821,00 денари.

 

2.Нематеријални трошоци во износ од 8.292.169,00 денари.

 

3.Бруто плати и други трошоци за вработените во износ од 4.273.345,00 денари.

 

Односно,искажана е добивка  во износ од 153.012,00 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                          ЈП" ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА"-

                                                                                                             Струмица