EN MK

Шестмесечен извештај од 01.01.2025 до 30.06.2025


04.09.2025

 

Јавно претпријатие

"Паркиралишта Струмица" Струмица

 

ул: 24 Октомври бр.2

Струмица 2400

) 034/343-787   e-mail:parkiralista_strumica@yahoo.com

 

 

ИЗВЕШТАЈ

За работата на ЈП Паркиралишта Струмица- Струмица за период

 од 01.01.2025 до 30.06.2025 година

 

    Општи информации

 

      Јавното претпријатие за изградба,одржување и користење на јавни паркинг простори  е основано од Советот на општина Струмица со цел на систематски начин да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица со што би се овозможило  слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците и тротоарите во градот Струмица. Дополнително Советот на општина Струмица на седницата одржана на 12.07.2013 даде согласност за проширување на дејноста на Јавното претпријатие и во делот на уличното осветлување.

 

      Седиштето на претпријатието е на улица „ул.24 Октомври“ бр.2 во Струмица.

 

      Правната основа за воспоставување и функционирање на Јавното претпријатие е дефинирана со следниве законски прописи:

 

  1. Закон за Јавни претпријатија;

 

  1. Закон за Локална самоуправа;

 

  1. Закон за Безбедност во сообраќајот;

 

  1. Закон за Заштита и унапредување на животната средина;

 

  1. Одлука за одржување на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење на град Струмица

 

  1. Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица

 

  1. Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица

 

  1. Статутот на Претпријатието и правилниците донесени од Управниот одбор и Директорот

 

      Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ - Струмица има својство на правно лице со права, обврски  и одговорности утврдени  со Закон, Статут на претпријатието и актите за организирање на Јавното претпријатие. Истото во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка  и за обврска одговара со сите средства-целосна одговорност

 

                                                                                                                                                                                  

Организациска поставеност на претпријатието     

 

 Органи на претпријатието се:

 

  •    Управен одбор кој брои 5 члена избрани од основачот на препријатието;

 

  • Надзорен одбор за контрола на материјално-финансово работење кој брои 5 члена избрани од основачот на претпријатието и

 

  • Директор.

 

      

 

Управниот одбор како орган на управување во Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ - Струмица работи со одржување на седници на кои се донесуваат Одлуки, Програма за работа на претпријатието и извештај за работата согласно Статутот на претпријатието.

 

      Претпријатието го застапува и претставува Директорот на претпријатието.

 

      Средствата за вршење  на својата дејност Ј.П. „Паркиралишта Струмица“ -Струмица во извештајниот период ги остваруваше преку подигање на неправилно запрени  и паркирани возила, наплата за користење на јавните паркинг простори, одржување на уличното осветлување, одржувањето на хоризонталната сигнализација и други услуги.

                                                                                                                   

      Согласно Статутот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ -

Струмица е составено од два сектори и четири одделенија:

           

  • Сектор за административни работи и човечки ресурси
  • Одделение за администрација;
  • Одделение за управување со човечки ресурси

 

  • Сектор за јавни паркиралишта и пајак служба
  • Одделение за паркиралишта;
  • Одделение пајак;

 

  • Одделение јавно осветлување

               

 

Дејности по одделенија во ЈП Паркиралишта Струмица

 

Делокругот на работењето на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги опфаќа организирањето, наплатата и регулацијата на паркирањето во градот Струмица, како и тековното одржување на јавно осветлување и хоризонталната сигнализација на територијата на општина Струмица.

 

 Јавни паркиралишта                                                                   

 

Со интензивирање на организирањето на паркинг просторите во градот Струмица преку воведувањето на системот на зонското паркирање, јавното претпријатие на граѓаните на општина Струмица како и на посетителите на нашиот град им овозможи да се справат со растечката потреба од паркинг место и сложената мобилност на сообраќајот во мирување и се потруди брзо и економски прифатливо сите лесно да стекнат со слободно паркинг место. Со тоа значително се придонесе во процесот на намалување на опасностите во сообраќајот со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и зголемување на безбедноста особено во централното градско подрачје.

 

 

    Во делот на зонското паркирање, во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година преку СМС пораки и преку греб карти/билети паркирале 84.509 корисници и тоа 77.010 преку смс и 7.499 преку греб карти  на расположливи околу 900 паркинг места односно истите искористиле 148.929  паркинг сесија по час (паркинг часови),

 

 

Месец

Јануари

   Февруари

Март

Април

Мај

Јуни

Вкупно зa период 01.01.2025-30.06.2025

         Зона

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

S1X

S2X

Број на СМС              пораки

7.943

14.696

7.098

13.981

  7.601

16.108

9.169

 18.341

8.617

16.506

7.381

13.989

47.809

93.621

Број на Греб            карти

700

300

400

300

500

300

1.200

700

700

600

1.399

400

4.899

2.600

Вк.паркирања        по зони S1X/S2X

8.643

14.996

7.498

14.281

8.101

16.408

10.369

 19.041

9.317

 17.106

8.780

 14.389

52.708

96.221

Вк. остварени паркирања

23.639

21.779

24.509

29.410

26.423

23.169

148.929

           Табела 2. Паркирања преку СМС и Греб карти за периодот од 01.01.2025 30.06.2025 год.

 

 

 

Во делот на повластеното паркирање, за месец јануари 2025 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 564 дозвола за повластено паркирање во границите на зонското паркирање, од кои :

  • 407 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 33 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 93 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 12 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 3 дозволи за месечна резервација во црвена зона
  • 1 дозвола за месечна резервација во жолта зона и
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 5 дозволи за еко – возила.

 

 

За месец февруари 2025 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 560 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 405 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 36 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 94 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 8 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 3 дозволи за месечна резервација во црвена зона
  • 2 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 1 дозволa за годишна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето и
  • 2 дозволи за еко – возила.

 

За месец март 2025 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 577 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 409 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 34 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 99 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 7 дозволи за правен субјект
  • 9 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 3 дозволи за месечна резервација во црвена зона
  • 4 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 4 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 5 дозволи за еко-возила и
  • 3 дозволи за пожарникар.

 

 

За месец април 2025 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 574 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 407 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 35 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 103 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 6 дозволи за правен субјект
  • 12 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 3 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 4 дозволи за еко-возила и
  • 2 дозволи за пожарникар.

 

За месец мај 2025 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 572 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 407 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 37 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 98 дозволи за вработени лица кај правен субјект
  • 9 дозволи за правен субјект
  • 9 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 3 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 2 дозволи за годишна резервација во жолта зона
  • 1 дозвола за лица со хендикеп во движењето
  • 5 дозволи за еко-возила и
  • 1 дозвола за пожарникар.

 

За месец јуни 2025 година, од страна на  Јавното Претпријатие „ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ Струмица се издадени 576 дозволи за повластено паркирање во границите на зонското паркирање во град Струмица, и тоа :

  • 409 дозволи се за станари со прво возило со износ од 0 денари месечно
  • 35 дозволи на граѓани за второ возило со износ од 400 денари месечно
  • 101 дозвола за вработени лица кај правен субјект
  • 8 дозволи за правен субјект
  • 10 дозволи за привремена адреса на живеење
  • 5 дозволи за месечна резервација во жолта зона
  • 3 дозволи за годишна резервација во црвена зона
  • 2 дозволи за лица со хендикеп во движењето
  • 2 дозволи за еко-возила и
  • 1 дозвола за пожарникар.

 

Пајак служба                                                                    

 

Во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година во границите на зонското пакирање на подрачјето на град Струмица, за корисниците кои не го регулирале своето паркирање или пак биле непрописно паркирани,  вработените во пајак службата и контролорите на паркирање имат издадено доплатни билети заради нерегулиран паркинг и тоа :

во јануари имат издадено 260 доплатни билети, во февруари имат издадено 258 доплатни билети, за месец март имат издадено 243 доплатни билети, за месец април имат издадено 180 доплатни билети, за месец мај имат издадено 177 доплатни билети и за месец јуни имат издадено 177 доплатни билети за нерегулиран паркинг на лице место. Вкупниот број на издадени доплатни билети за извештајниот период е 1295.

 

Пајак службата при ЈП„ПАРКИРАЛИШТА СТРУМИЦА“ – Струмица, во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, ја продолжи соработката со сообраќајниот сектор при СВР Струмица и со комуналните инспекциски служби при општина Струмица, каде по нивен повик и налог за подигање, кој се дава од униформиран полициски службеник или комунален инспектор, се врши подигање или пак се поставува блокатор на тркало за неправилно запрено, т.е. непрописно паркирано возило на улица, друга јавна површина или за оставено возило на зелена површина на која се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

За извештајниот период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година од страна на Полицијата нема повикано Пајак служба и нема поставено блокатори на тркало за сторен прекршок за погрешно паркирање.

 

За извештајниот период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година во границите на зонското паркирање на подрачјето на град Струмица нема извршено подигнување на возила со пајак возилото.

 

 

 

 

 

 

Хоризонтална сигнализација                                                                            

 

 

Во склоп на одделението за јавни паркиралишта во 2015 год. се отпочна со уште една дополнителна дејност, а тоа е одбележувањето на хоризонталната сигнализација на територијата во град Струмица. Хоризонталната сигнализација зависно од  временските услови и прилики предвидено е двапати годишно да се врши преку одбележување, напролет и наесен, секако согласно приоритетите и во координација со секторот за урбанизам и комунални дејности во Општина Струмица. Под приоритети спаѓаат сите пешачки премини, осовински полни и разделни линии, стрелки и останати хоризонтални ознаки на коловозот пред сите основни и средни општински училишта, детски градинки, централното градско подрачје, меѓутоа и на целата територија на град Струмица и населените места каде има потреба од хоризонтална сигнализација, со цел да се зголеми нивото на безбедност и да се подобри сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Така по извршените техничко-логистички подготовки и припреми за обележување на хоризонтална сигнализација, како и според временските услови, поконкретно во месец мај и јуни 2025 година се изврши обележување на 1.271,00 м2.