За повесели празници
25.12.2015
Денес под мотото “За повесели празници”, вработените во ЈП Паркиралишта Струмица ја посетија посебната паралелка во ООУ” Сандо Масев” Струмица.
“Во нашето динамично секојдневие, не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и услужната дејност, туку и општествената одговорност. За таа цел денес во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници,на децата од посебната паралелка при ООУ” Сандо Масев”- Струмица им подаруваме новогодишни пакетчиња. Целта на нашата посета е да предизвикаме насмевки и среќа на дечињата посебно во овој празничен период” – истакна раководителот на паркинг и пајак службата Трајче Тасев.