EN MK
News_cover

Автоматизирана рампа во подземниот паркинг


01.07.2015

Отпочнувајќи од 1ви јули 2015 во подземниот паркинг Гоце Делчев под плоштадот во Струмица се воведе нова автоматизирана рампа за корисниците на паркинг услугата.   Иако и до сега паркингот функционираше на база на подигнување и спуштање на рампата кое беше механички од внатре од наплатната барака, од овој месец истата ќе функционира на начин со вадење на билет од влезниот терминал, наплата и враќање - вовлекување на билетот во излезниот терминал. Оваа активност е резултат на зголемениот обем на работа во подземниот паркинг но и заради осовременување на комплетниот систем за паркирање, а се со цел олеснување на услугата паркирање.

На влезот од паркингот е поставен и дигитален дисплеј кој покажува моментален број на слободни паркинг места во паркингот.

Цената на паркинг услугата останува непроменета, односно, 20 денари за првиот час и 10 денари за секој следен изминат час. Паркингот има 82 паркинг места и непрекинато работи 24 часа секој ден.

Дополнително од ЈП Паркиралишта информираат дека на барање на граѓаните од централното градско подрачје во рамките на зонското паркирање во следниот период ќе биде опфатен и паркингот позади зградата на ул Ленинова бр.14 кај Основното јавно обвинителство. Овој паркинг простор ќе биде организиран во жолта зона, кадешто цената на чинење на паркинг услугата е 20 денари од час, без временско ограничување на паркирањето. И оваа активност се превзема со цел да се даде допринос во средувањето на сообраќајниот хаос во град Струмица.