EN MK

Известување за станари


19.05.2017

Во врска со започнувањето на зонското паркирање, ги известуваме станарите кои немат гаража или дворно место за да ги паркират своите возила, дека од 22.05.2017 година (понеделник) во Дирекцијата на ЈП Паркиралишта Струмица – Струмица, на бул. Маршал Тито бр. бб ( во зградата над Комерцијална Банка) на 3-ти кат, можат да поднесат барање за издавање на повластен паркинг билет за физички лица (станари).

Потребни документи:
- лична карта (оригинал на увид)
- сообраќајна дозвола (оригинал на увид).

Ова известување се однесува на станарите од ул. ,,Младинска” ( од бул. ,,Гоце Делчев” до крстосницата од ул. ,,24-ти Октомври” и ул. ,,Братство Единство”), ул.,,Панче Пешев” (од ул. ,,Младинска” до ул. ,,Братство Единство”), ул. ,,24-ти Октомври”, ул. ,,Братство Единство” ( од бул. ,,Mаршал Тито” до крстосница од ул. ,,24-ти Октомври” со ул. ,,Младинска”) и ул. ,,Васил Сурчев” Струмица.

Повластениот паркинг билет за станарите од горенаведените улици, за едно возило е бесплатен.