EN MK
News_cover

Донација на играчки во градинката "Детска Радост"


25.02.2016

"Паркиралишта Струмица" донираше играчки во градинката "Детска Радост"

Продолжуваме со основните функции на работењето на претпријатието а тоа е одговорноста кон општеството. По претходната донација која се реализираше во Септември минатата година во клон 6, денеска Јавното Претпријатие” Паркиралишта – Струмица” донираше играчки во клонот 3 на градинката “Детска радост” во Струмица.

Денеска, донираме наставно – научни материјали и помошни средства, елементи и играчки кои  што на дечињата ќе им овозможат да ја зголемат креативноста, да ја подобрат нивната нумеричка способност и се разбира да ја развијат можноста за правилно расудување за да можат полесно да запловат во образовниот процес, рече Верица Узунова директор на ЈП Паркиралишта- Струмица.

Дечињата многу  се израдуваа на донираните играчки, се заблагодарија преку песничка, која радост беше надополнета и со запознавањето со работата на пајак возилото кое за оваа цел беше донесено во дворот на градинката.