EN MK
News_cover

ЈП “Паркиралишта Струмица” програма за 2016


29.12.2015

Усвоена програмата за работа на Јавното Претпријатие “Паркиралишта Струмица” за 2016 година

На вчерашната 34 седница на Советот на општина Струмица на дневен ред беше и Програмата за работа за 2016 година на Јавното претпријатие “Паркиралишта Струмица”. После  анализата на програмата од страна на советниците и деталното образложение од  директорката на претпријатието, во кој што меѓу другото истакна дека планираните средства и проекции за 2016 година се одраз на план основан на предвидувања за остварени резултати,кои што се темелат на дејноста и вршењето на функцијата на Претпријатието, програмата беше усвоена.

Дополнително беше донесена Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица со која се опфаќат улиците:

Улица Дебарска;
Улица 1-ви Мај;
Улица Васил Сурчев;
Улица Братство Единство;
Улица 24- ти Октомври
Улица Младинска (од “Медицински центар” до кружен тек на бул.”Гоце Делчев”)
Улица Панче Пешев (од крстосница со ул.” Младинска” до крстосница со ул.” Братство Единство”)
Улица Ванчо Китанов;
Улица Јане Сандански и
Улица Сава Ковачевиќ